Анализите на изборениот ден на бугарските парламентарни избори, упатуваат на тоа дека ГЕРБ, партијата на бугарскиот премиер Бојко Борисов освоила најмногу, околу 25% од гласовите, за разлика од 33,5% освоени на изборите пред четири години. Каракачанов со прстот во устата, Борисов е победник, но понуди широка владина коалиција за справување со пандемијата.
Масовното вакцинирање на населението против Ковид-19 во земјава официјално ќе почне од денеска во А1 Арената (сала „Борис Трајковски“). Закажани се термини за 3000 граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со руската вакцина „Спутник В“.
Владата предводена од СДСМ во услови на здравствена и финансиска криза предизвикана од светската пандемија, создаде економски пакети коишто се состојат од низа мерки со цел полесно справување со последиците од коронакризата врз стопанството, населението, работниците, младите и многу граѓани од други категории, наведуваат од СДСМ.
Јавно ги повикувам истражните органи, МВР, ОЈО и други релевантни институции, да преземат решителни чекори за санкционирање на сите поединци кои своето работно место во јавната администрација го злоупотребуваат на различни начини, за да креираат и дистрибуираат лажни вести, дезинформации и говор на омразата. Јадат државен леб, а шират црна пропаганда, лажат и клеветат, пишува Џабир Дерала.
Аналитичарот и експерт за Југоисточна Европа, Флоријан Бибер, после првичните резултати од вчерашните парламентарни избори во Бугарија, преку твитер објава се прашува – дали можеме да кажеме дека никој од оние кои решија да ја блокираат Северна Македонија од преговорите со ЕУ, не профитираше од овој националистички ефтин удар?
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец март 2021 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките.
По повод јубилејот – 100 години од раѓањето на македонскиот великан, Блаже Конески, АД „Пошта на Северна Македонија“ денеска ќе промовира пригодна поштенска марка.
М. Миткоска