ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ГЕРБ на Борисов победи, но постои можност шоуменот Слави Трифонов да биде нов премиер на Бугарија

April 6, 2021 12:20
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

ГЕРБ, владејачката партија во Бугарија е победник на парламентарните избори што се одржаа во неделата, со 26,14 отсто, според преброени 98,93 отсто од гласовите, но новата владина коалиција можеби ќе ја формира и второпласираната „Има таков народ“ на шоуменот и музичар Слави Трифонов, која доби 17,73 отсто, пишува medipool.bg.

Резултатите од гласањето се сметаат за шамар за сите партии што учествуваат во сегашниот парламент, пишува овој медиум, а при овој сооднос на силите ГЕРБ тешко ќе може да состави влада. Бојко Борисов, премиерот на Бугарија и претседател на ГЕРБ во изборната ноќ повикал на формирање ширококоалициска експертска влада.

Но, со расположението на партиите што влегуваат во парламентот, тешко веројатно е дека намерата на Борисов ќе се оствари. Така, Бугарската социјалистичка партија, според претходно наведените резултати со 15,02 отсто поддршка од гласачите, (БСП) би поддржала коалициска влада формирана од „Има таков народ“, а во која би влегле и „Исправи се! Мутрите надвор!“ ((Мутра е израз за крупни, физички силни и ниско интелигентни криминалци, кои се насилни и кон обичните граѓани, а дел од нив се или поранешни спортисти или припадници на безбедносните служби во времето на социјализмот) и „Демократска Бугарија“. Инаку, проевропската „Демократска Бугарија“ има 9,52 отсто од гласовите, а „Исправи се! Мутрите надвор!“, има 4,76 отсто, пишува бугарскиот медиум.

Четвртопласирана е „Движење за права и слободи“, со 10,34 отсто. Оваа партија е коалициски партнер во сегашната влада.

Најинтересното е што најголемиот губитник е ВМРО-БНД, на Красимир Каракачанов, која добива 3,65 отсто од гласовите и засега не го минува цензусот од 4 отсто гласови за влез во парламентот.

Поддршката на БСП на коалицијата раководена од шоуменот Трифонов, кој патем ги има истите ставови за македонското прашање како Каракачанов, би зависела најпрво од тоа дали ќе се побара учество во коалицијата, а потоа и од оценка на партијата на поранешните комунисти за политичката платформа на идната коалиција. Но, можно е и да има нови парламентарни избори, порача социјалистот Христо Проданов на Нова ТВ.

„Сите партии велеа дека се „за“ справување со сегашниот модел и неговото туркање од власт. Но, ништо не прецизираме, оти и самите резултати не се конечни“, рече Проданов, кој појасни дека, ако се создаде таква ситуација, можни се и нови избори.

За разговори Скопје-Софија во мај или јуни, ќе има шанса само ако таму се формира политичка или експертска влада. Ако Бугарија оди на нови избори, се паѓа во вода, пишува Дојче веле.

Според медиумот, во македонската јавност растат стравувањата дека роковите за создавање владино мнозинство кај источната сосетка може да го потрошат времето за разговори Скопје-Софија и јунско-јулскиот рок да се стане недостижен, особено по крајно проблематичните бројки.

„Фрагментираните изборни резултати во Бугарија, оставаат голема неизвесност – кој, и дали воопшто ќе стигне до мнозинство од 121 пратеник”, вели специјалниот пратеник на македонската влада за Бугарија, Владо Бучковски, за Дојче Веле.

Во неделата, Борисов, премиерот и лидер на ГЕРБ кој освои најголем број на пратенички места, но сепак околу 20 помалку од претходните избори, се обрати на Фејсбук, повикувајќи на широка коалиција и експертска влада до декември.

„Јас ви предлагам мир. Ви предлагам да ги поставиме експертите, да ги поставиме луѓето и да направиме за Бугарија до декември максимални напори да излеземе од пандемијата и да тргнеме нагоре. Тогаш веќе сè ќе е јасно… Ајде да видиме дали можеме да се обединиме во името на државата. Досега велевте дека народот нè не сака, ве сака вас. Многу ми е драго што толку многу партии влегуваат во парламентот затоа што ме мрзи да бидам одговорен. Наместо да се расправаме кој е поголем, да размислиме дали овие последниве 8 месеци од годината не можат да се консолидираат. Ако немаме стабилна политичка ситуација, бидете сигурни дека ништо нема да се случи“, рече Борисов.

извор: МЕТА

Next Post

По препорака од ЕМА ќе се одлучи дали помладите ќе се ревакцинираат со „Астра Зенека“ или со друга вакцина

НАЈНОВО

ЗНМ: Новинарите нема да замолчат пред насилниците, јавноста има право да знае

November 2, 2025
Скриншот

ДИК: Одземени акредитации на осум набљудувачи во Шуто Оризари поради злоупотреба и агитирање

November 2, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Баерн минатата сезона заработи рекордни една милијарда евра

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk