ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Од вакцинирани близу 13 илјади граѓани, само два случаи на колапс од страв или паничен напад

April 6, 2021 12:40
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Близу 13 илјади граѓани се вакцинирани заклучно со вчерашниот ден и освен два случаи на колапс, кои што не се поврзуваат со вакцината, туку веројатно станува збор за страв и панични напади, тука во салата „Борис Трајковски“, други несакани ефекти нема, изјави на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Девојката која што имаше тромбоза на очната вена, Филипче рече дека е добра и денеска оди на домашно лекување.

Во однос на досега вакцинираните, министерот посочи дека нема препорака дека нешто треба да се прави по добиената вакцина, како превенција или некои контролни прегледи.

– Тоа се однесува буквално на сите вакцини. Јас немам информација дека некој од здравствените работници, кој што е вакциниран, заболел од ковид по вакцинирањето, рече Филипче.

Од податоците со кои досега располага, Филипче рече, дека над 90 проценти од сите здравствени работници, кои што работат со ковид веќе се вакцинирани и ревакцинирани.

Генерално, додаде тој, околу 20 проценти на веќе закажани граѓани не се јавуваат на пунктовите за вакцинација.

– Од близу 2 800 веќе закажани граѓани вчера, 2 500 се вакцинирале, изјави Филипче.

Во однос на вакцинирањето на припадниците на МВР и Армијата, Филипче рече, дека имало голем интерес и согласно расположливите вакцини, приоритетни групи во Армијата и во полицијата ќе бидат тие коишто се најекспонирани и имаат најмногу контакти во текот на денот.

Тој истакна дека во останатите институции се пријавуваат вработените над 50 години кои имаат одредени коморбидитети и така се регрутирале пријавените од МТСП, вработените во градинки, од МОН – наставниците од прво до трето одделение.

Освен некои од информациите на социјалните мрежи, Филипче рече, дека досега не виделе силна антиваксерска кампања.

– Апелирам граѓаните да се свесни дека ова е единственото оружје со кое ние ќе ја смениме сликата за пандемијата. Не само кај нас, секаде во светот. Сите вакцини се безбедни. Таму, каде што има сомнежи, сме внимателни и чекаме соодветни препораки и мислења, и ова е единственото нешто кое што можеме да го направиме да го зачуваме сопственото здравје, рече Филипче.

извор: МИА

Next Post

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 72 пациенти

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk