ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Аргентина

April 6, 2021 13:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Алфредо Нестор Атанасоф, новоименуван амбасадор на Аргентина во Република Северна Македонија, со седиште во Софија.

На церемонијата на предавање на акредитивни писма, претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, потенцираше дека двете држави иако се географски далечни, споделуваат исти вредности на демократијата, почитување на човековите права, зачувување на животната средина и ефективниот мултилатерализам, со силен фокус на интегралниот човечки развој.

Истакнувајќи дека минатата и оваа година светот се соочи со најголемата здравствена криза, при што, пандемијата ни покажа дека државите нема да можат целосно да се справат со вирусот доколку отсуствува меѓународна солидарност и силна соработка, шефот на државата Пендаровски порача дека ниту една земја не може да се спаси самата, туку само сите заедно и солидарно.

– Како одговорна членка на меѓународната заедница, Република Северна Македонија им придава значење на односите со сите држави, за доброто на нашите народи, обезбедување и зацврстување на мирот во светот, како и одржлив развој и економски просперитет, порача претседателот Пендаровски.

Во таа насока, тој истакна дека земјава е подготвена за развивање и унапредување на билатералните односи со Аргентина особено во областа на културата, образованието, земјоделството и економијата.

Амбасадорот Атанасоф нагласи дека од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави во 1999 година, изградени се одлични билатерални односи кои се темелат врз заеднички интереси и споделени вредности со силна посветеност заеднички да придонесат за создавањето на еден покооперативен, безбеден и просперитетен свет. Притоа, тој додаде дека меѓусебната соработка во рамки на меѓународните организации е едно од главните достигнувања на двете земји.

Оценувајќи дека изградбата на врските меѓу двете земји е можна благодарение на блиските односи меѓу двата народа, амбасадорот Атанасоф, истакна дека е значајна и соработката во областа на културата, особено во областа на книжевноста со преведените дела  на аргентински писатели од македонски преведувачи.

– Убеден сум дека Аргентинците и Македонците ќе можат дополнително да ги зајакнат нашите врски и во други релевантни области, како што се економските и трговските, и во оваа смисла, аргентинската амбасада е целосно подготвена да истражува и да презема заемно корисни активности за обете земји, порача амбасадорот Атанасоф.

Претседателот Пендаровски на новоименуваниот амбасадор на Аргентина му посака успех во вршењето на одговорната дипломатска функција.

извор: МИА

 

Next Post

Десетина полициски службеници уапсени поради фалсификување патни исправи и лични документи, полициската акција е во тек

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година

May 5, 2026
Илустрација Фронтлајн

Што знаеме за „Проектот Слобода“ на Трамп за Ормускиот Теснец?

May 5, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 5 мај – Продлабочување во Стрелец

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk