ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

Национална конференција за клима: Влогот во попаметното греење е влог во јавното здравје

April 6, 2021 15:05
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со попаметното греење можеме да се ублажат климатските промени, ова е заклучено на денешната онлајн дискусија на тема „Можности за попаметно греење“, во рамките на Националната конференција за клима.

Учесници во дискусијата беа претставници на повеќе граѓански здруженија, научници, претставници на институции.

Невена Смилевска од „Еко-свест“ смета дека станува збор за горливо прашање и дека „Еко-свест“ се труди да има конструктивен пристап во решавањето на проблемите.

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски во своето излагање упати апел до институциите, но и до граѓаните заедно да се вклучат во можностите за алтернативни решенија. Тој истакна дека треба да се подобри состојбата со загадувањето на воздухот поради загревање домовите на некои локации во земјава.

-Ги охрабрувам сите општини и граѓани кои имаат идеи и проекти кои се во фокус на загревање на домовите во принципот старо за ново паметно да ги искористат, општините во своите идни програми и заложби да им биде приоритет, а граѓаните што повеќе да аплицираат за можностите кои се нудат, порача Милевски.

Додава дека минатата недела била донесена 10-годишната Стратегија за регионален развој 2021-2031 година во која особено внимание е посветено на обезбедување кохерентност на целите, приоритетите и мерките со начелата и приоритетите на „Европскиот Зелен Договор“ и на Зелената Агенда за Западен Балкан.

Александар Мацура, основач на РЕС фондацијата, која анализира и дистрибуира знаење за создавање политики во енергијата и климатските промени базирани на научни факти и главно дејствува во Србија, Западен Балкан и Југоисточна Европа, ја нарече Македонија лидер во регионот за зелената агенда.

Давор Пехчевски од „Еко-свест“ се осврна на големиот проблем од загадувањето на амбиенталниот воздух и на воздухот во домаќинствата. Фосилни горива, дрва (влажно дрво, стари печки), дрвени производи (пластифицирана иверка, медијапан, паркет и други лакирани дрва, итн.), високо-калорични отпадоци (пластика, гума, тетрапак, итн.) – ова се директни загадувачи на воздухот, посочи тој.

-Преку 90 отсто од домаќинствата немаат топлинска изолација на фасадите и покривите. Загревањето со дрва преовладува во 30 отсто од урбаните региони и 85 отсто од руралните региони. Повеќето од овие домаќинства користат стари печки и други уреди што не само што се неефикасни, туку и се високо загадувачки.

Заклучено е дека мора да постои волја на властите, особено локалните, за имплементирање современи решенија, а да се вклучи повеќе и локалното население како и дека имплементација на технологии од четврта генерација базирани на ОИЕ, во комбинација со амбициозни мерки на енергетска ефикасност, е долгорочен и комплексен процес.

За позитивните практики во секторот на греење и можните мерки за поддршка се осврна проф.д-р Александар Дединец, научен соработник при МАНУ. Тој изјави дека проблемот со загадувањето е од поодамна, но и дека интересот за надминување на овој проблем расте во последните години.

Претставници од Град Скопје се осврнаа на позитивните резултати од субвенционирањето на граѓаните со печки на пелети и со инвертор-клими. 7429 семејства биле помогнати во изминатите пет години, рече Ирина Шентевска. Додека пак, нејзиниот колега Никола Јовановски информира за соработката со градот Нирнберг, со кој заедно ќе се спроведува проект во кој оџачарството ќе помогне за подобрување на квалитетот, преку оспособување на оџачарите кои треба да бидат контролори на домаќинствата и ќе даваат совети за начинот на греење.

Националната конференција за клима, која ќе трае до 9 април, ја организираат „Еко-свест“, CNVP и Движењето на еколозите на Македонија.

извор:  МИА

Next Post

Царовска: Низ проекти и интеракција учениците ќе научат да решавааат проблеми

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk