ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Повици на МОН за парични награди за први три места на натпревари по математика и природни науки и на научни олимпијади

April 6, 2021 16:50
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука објави повик за доделување парична награда за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки одржан во учебната 2020/2021 година, на ученик во средно образование и на наставникот кој го подготвувал за натпреварот.

За прво освоено место МОН ќе додели поединечно парична награда во износ од 50 отсто од просечната нето–плата исплатена во Република Северна Македонија, 40 отсто за освоено второ место и 30 отсто за освоено трето место.

–Под меѓународен натпревар се подразбира натпревар на кој учествуваат ученици од најмалку десет различни држави и притоа се споредуваат знаењата помеѓу учениците од различните држави и се рангираат нивните постигнувања, се наведува во јавниот повик кој МОН го објави на својата веб-страница. 

За меѓународен нема да се смета натпреварот по математика „Кенгур” и МОН нема да доделува парична награда за освоени први, втори или трети места за овој натпревар, кој го организира Сојузот на математичарите на Република Македонија и е дел од Меѓународната асоцијација „Kangourou sans Frontieres”. МОН не доделува парична награда ниту за освоени први, втори или трети места на меѓународни натпревари кои се организираат преку онлајн-аплицирање и меѓународните натпревари кои се однесуваат на проекти. 

Во објавениот повик се достапни информации за условите и начинот на аплицирање, бодирањето и рангирањето, потребните документи, како и пријавата што треба да се достави со нив. Повикот е отворен и пријави може да се доставуваат до 31 август 2021.  

Покрај овој, МОН објави повик и за доделување парична награда за освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13-те меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad) – на ученикот и на наставникот кој го подготвувал за олимпијадата.

Министерството за образование и наука ќе додели, поединечно, на ученикот и на наставникот кој го подготвувал за олимпијадата, парична награда во износ од 12.000 денари месечно за освоен златен медал, 10.000 денари месечно за освоен сребрен медал и 8.000 денари месечно за освоен бронзен медал. Паричната награда се исплаќа за период од 12 месеци. 

Во овој повик објавен на веб-страницата на МОН се наведени условите и начинот на аплицирање, достапна е и пријавата, а рокот е, исто така, до крајот на август годинава. 

извор: МИА

Next Post

Францускиот „Стад де Франс“ е претворен во голем центар за вакцинирање против Ковид-19

НАЈНОВО

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Уапсени три жени за планирање на терористички напад во Париз

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk