Сите економски оператори кои со одлука на Владата ќе бидат затворени овие две недели заради третиот бран на коронакризата ќе бидат опфатени со нови мерки. Од економскиот тим на Владата порачуваат дека во моментов приоритет е здравјето и заштита на здравјето на граѓаните, а за сите настанати штети во економијата како и досега државата ќе излезе во пресрет.
Според епидемиолошките анализи, РО факторот е паднат под 1 и се надеваме дека ќе остане така. Остануваме претпазливи, вирусот е непредвидлив и подмолен. Деновиве е намален бројот на хоспитализации во болниците, но подготвени се дополнителни капацитети во болниците како во Скопје, така и низ државата, објави министерот Филипче.
И самиот Мицкоски знае дека свесно загрозувал полициска акција, затоа шири измислици во очаен обид да се испере за последниот негов скандал. ВМРО-ДПМНЕ деновиве се нервозни бидејќи целосно потфрлија во обидот да го скријат фактот дека токму нивниот Христијан Мицкоски направи неуспешен обид да саботира комплицирана полициска акција „Двојник“ преку јавно откривање на информации во тек на активна истрага, велат од СДСМ.
Централната изборна комисија ги објави конечните резултати од парламентарни избори во Бугарија, одржани на 4 април. За ГЕРБ гласале 837.707 лица, или 31,25 отсто, за „Има таков народ“ гласале 565.014 лица или 21,25 проценти, за БСП гласале 480.146 лица или 17,92 отсто, за Движењето за права и слободи – 336.306 лица, или 12,50 проценти, за „Демократска Бугарија“ – 302.280 лица, или 11,25 отсто и за „Исправи се! – 150.940 лица, или 5,83 отсто од гласачите.
Тешко е да се каже што ќе се случува во Бугарија во сегашната ситуација. ГЕРБ е пред тешка , скоро невоможна задача. Во однос на Северна Македонија, треба да се избегне јазикот на омразата. Комисијата треба да ја оставиме да си ја заврши работата и да излезе со најдобро решение за двете страни, вели Захари Христов од БСП.
Француските здравствени власти препорачаа пренасочување на лицата кои ја примиле првата доза од вакцината Астра Зенека кон другите вакцини за втората инјекција, односно Модерна и Фајзер.
М. Миткоска





