ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Грчката национална комисија за имунизација предлага вакцинација со Астра Зенека за лица над 30 години

April 9, 2021 18:37
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Националната комисија за имунизација, откако ги процени достапните податоци, препорачува продолжување на програмата за вакцинација со сите достапни вакцини, вклучувајќи ја и вакцината на Астра Зенека, за лица на возраст од 30 години и нагоре, соопштуваат од надлежната грчка комисија по одржаниот состанок за конкретната вакцина, јави дописничката на МИА од Атина.

Објаснуваат дека ризикот од сериозно заболување и смрт од Ковид-19 е убедливо поголем од ризикот од евентуална тромбоза по вакцинацијата, особено кај оние над 30-годишна возраст.

Алтернативниот министер за здравство на Грција Василис Кондозаманис на денешната редовна прес конференција за ситуацијата со пандемијата во земјата, рече дека од понеделникот до денеска редовно се спровела вакцинација за 93 отсто од закажаните термини за имунизација со вакцината на Астра Зенека.

Во однос на рестрикциите во земјата заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас соопшти дека од понеделник се отвораат обложувалниците и продавниците и во регионалните единци Ахаиа и Солун, а затворени, единствено ќе останат во Козани.

Малопродажба и во текот на следната седмица ќе работи само со услугите „click away“ и „click in shop“, односно подигнување на претходно направена нарачка или посета на продавница по закажан термин, со исклучок на Солун, каде продавниците ќе се отворат само за подигање на нарачка.

Граѓаните и понатаму за шопинг имаат на располагање најмногу три часа, еднаш дневно, откако претходно ќе испратат смс порака на специјален број со име и презиме и ќе добијат повратен одговор со дозвола за посета на продавница.

Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 2.747 нови случаи, од кои 1.248 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а починаа 78 лица.

Паралелно, регистриран е нов негативен рекорд со 790 пациенти приклучени на апарати на oдделите за интензивна нега во грчките болници.

извор: MИА

Next Post

Модерен дедо од Словенија е ѕвезда на Instagram

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk