ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Народен правобранител: Граѓаните во услови на пандемија имаат проблем со остварување на правото на надоместок на помош и нега од друго лице

April 14, 2021 12:57
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните во услови на пандемија имаат проблем со остварување на правото на надоместок на помош и нега од друго лице. За проблемот е информирана Владата, со цел надлежните министерства за труд и социјална политика и за здравство, да изнајдат начин барањата на граѓаните да бидат примени и разгледани, информираше денеска на прес-конференција Драги Целевски, државен советник од Канцеларијата на Народниот правобранител.

Проблемот, посочи Целевски, е детектиран кон крајот на месец март, по повеќе претставки и јавувања од граѓаните дека поради неможноста од обезбедување на конзилијарно мислење од тројца лекари специјалисти, не им се прифаќаат барањата од надлежниот Центар за социјална работа, по што се преземени конкретни дејствија.

Народниот правобранител, исто така, доставил и укажување до Центарот за социјална работа – Скопје, кој е должен да ги информира сите подрачни служба и да им укаже дека се должни да ги примат барањата од граѓаните, а документацијата да биде дополнително доставена.

– Утврдено е дека проблемот е настанат на следниот начин – Центрите за социјална работа, пред се подрачните служби во Скопје, не ги примале барањата од граѓаните, кои кон своите барања не приложувале конзилијарно мислења. Тоа, конзилијарно мислење не можеле да го приложат, бидејќи нивните матични лекари не можеле преку системот „Мој термин“ да закажат преглед кај лекарите специјалисти. Согласно правилникот од Владата од почетокот на пандемијата, проверката и одлуките се носат само врз основа на документацијата, не и со непосреден преглед на лицата. Меѓутоа, таквите проверки на документацијата не е можна, во конкретниот случај, со тоа што граѓаните од страна на центрите или од нивните матични лекари биле информирани дека не може да се реализираат тие мислења поради презафатеност на лекарите во време на пандемија, појасни Целевски.

Народниот правобранител, појасни Целевски, одлучи да ја запознае Владата, за потребата од преземање дејствија од надлежните министерства – за труд и социјална политика, во чиј домен е социјалната заштита и до министерството за здравство, бидејќи во негов домен се комисиите кои ги носат наодите и конзилијарните мислења.

– Очигледно проблемот е и во самиот капацитет на комисиите кои одлучуваат и носат наод и мислење за здравствена состојба на граѓанин за остварување на некое право од социјална заштита, бидејќи кога е донесен Законот за здравствена заштита, кој е основа за нивно формирање, вкупниот број е 15, од кои пет на територија на град Скопје. Очигледно застојот е тука, не може да се обезбеди наодот и мислење, изјави Целевски.

извор: МИА

Next Post
Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Сеќавање на убиството кај Смилковско

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk