ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Во тек е изградба на станбена зграда со 29 социјални станови во Велес

April 14, 2021 13:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

На локација во новиот дел на Велес, веднаш до пругата Велес-Битола до станбениот комплекс „Атлантис“, во тек е изградба на станбена зграда со пет ката со 29 станови на површина од 1800 квадрати и секој стан со квадратура од 30,40 и 50 метри квадратни, наменети за социјално ранливи категории на граѓани.

-Зградата чини 42 милиони денари од буџетот на Министерството за транспорт и врски, а треба да биде готова до мај идната година. Таа е последната од 660 вакви станбени единици во земјава, информира министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој денеска со директорот на А. Д за стопанисување станбен и деловен простор Кристијан Трајковски и градоначалникот Аце Коцевски направија увид во градежните работи.

– Оваа е значајна инвестиција во буџетот на министерството за кои беа предвидени вкупно 134 милиони денари за реализација на ваков тип на станбени згради. Во текот на минатата година сите средства коишто беа предвидени беа реализирани, што е добар пример за организирање и менаџирање на работата на директорот на целото акционерско друштво, за стопанисување со станбен и деловен простор. Ние продолжуваме и во оваа година со иста динамика, најави министерот Бочварски.

Директорот на А.Д за стопанисување со станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски воедно информира дека ги завршиле сите постапки за уште три згради, а во тек е постапката за избор на изведувач во Дебар, за кои очекува за две три недели да ги објават и градежните активности кои таму ќе се одвиваат.

Градоначалникот Аце Коцевски им се заблагодари на инвеститорите од името на граѓаните на Велес, посебно на оние од социјално ранливите категории кои ќе живеат во овие станови.

– Овие 29 станови ќе бидат наменети за граѓани од социјално ранливи категории на население, лица без родители и лица со посебни потреби, како и за оние со ниски плати. Сметам дека на овие лица, им се најнеопходни вакви станови. Ова е можност барем 29 семејства од овие категории да им се обезбеди пристоен дом за живеење, потенцира Коцевски.

Воедно министерот Благој Бочварски воедно информира дека во Велес работат на улиците на влезовите во Велес и на магистралната улица „Вардарска“ која е во ингеренции на државата и веќе ЈП „Македонија пат“ после долги години работи на рехабилитација на овие улици во вредност од 15 милиони денари, како дополнителна поддршка на општината.

Тој воедно информира дека од буџетот на министерството на осум велешки улици заменуваат водоводна,а на три улици канализациска линија и воедно работат на водовите кон селата Раштани и Бузалково, а со што инвестициите во Општина Велес за водовод и канализации се во вредност од над 1 милион евра.

извор: МИА

Next Post

Талевски: Пресудата за „Трезор“ е доказ зошто беше важен Законот за ЈО и зошто ВМРО-ДПМНЕ беа против негово носење

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk