ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почина Берни Мејдоф, организатор на една од најголемите финансиски пирамиди во светот

April 14, 2021 18:15
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Организаторот на една од најголемите финансиски пирамиди во светот Бернард Медоф почина денеска во затвор на возраст од 82 години, соопштија американските медиуми. Мејдоф издржуваше казна од 150 години затвор за финансиска измама што ја вршел во текот на 40 години, со употреба на таканаречената Понциева шема.

Американскиот бизнисмен во 2009 година беше осуден на 150 години затвор, а затворската казна ја отслужуваше во сојузната држава Северна Каролина.

Според извештаите, смртта на Мејдоф настапила најверојатно поради природни причини. Адвокатите на Медоф во 2019 година побараа негово ослободување поради здравствени тешкотии како проблеми во работата на бубрезите поради рак во одминат стадиум и други хронични заболувања. Сепак, американското обвинителство соопшти дека криминалот на Мејдоф е „без преседан по обем и големина“ во историјата на САД и дека тоа е „доволна причина“ неговото барање да биде одбиено.

Бернард Мејдоф во 1960 година го основал фондот „Бернард Л. Медоф инвестмент секјуритис“, кој подоцна се покажа дека е финансиска пирамида. Од работењето на пирамидата беа оштетени околу три милиони луѓе низ целиот свет, а вкупната сума на загуба беше речиси 65 милијарди долари. Бизнисменот раководел со фондот до крај, до моментот на неговото апсење во декември 2008 година.

Во текот на истрагата тој призна дека во текот на речиси четири децении ги доведувал во заблуда инвеститорите и прикажувал лажни податоци на регулаторите. Некои од неговите жртви изгубија сè, а најмалку едно лице се самоуби поради измамата.

При изрекувањето на предусата, судијата го оквалификува како едно од најтешките финансиски злосторства во историјата.

Мејдоф ги измами не само финансиерите, туку и богатите и славните, на кои им вети дека ќе им заработи милиони. Меѓу неговите клиенти, меѓу другите, беа познатиот продуцент и режисер Стивен Спилберг, актерот Кевин Бејкон и добитничката на Нобеловата награда за мир Ели Визел.

Активностите на Мејдоф се екранизирани во филмот „Волшебник на лагите“ од 2017 година, а чиј лик го игра холивудскиот актер Роберт Де Ниро.

Измамата ја правел според т.н. Понциева шема, според американскиот бизнисмен Чарлс Понци, роден во Италија, кој на почетокот на 20. век организирал слични пирамиди во Канада и во САД.

извор: МИА
Next Post

Обвинителен предлог против 11 лица во врска со злоупотребата при издавање на пасоши

НАЈНОВО

Фото илустрација, генерирано со ВИ

Трамп: Би се сретнал со Ким Џонг Ун ако сака, можеби би ја продолжил турнејата

October 27, 2025

Одложени над 8.000 летови во САД поради буџетската блокада

October 27, 2025
Скриншот

Започнува судењето за онлајн вознемирување на Брижит Макрон

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk