ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Селф тестовите задолжителни за дел од вработените во јавниот и приватниот сектор во Грција

April 14, 2021 19:27
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Новите селф тестови, односно брзите тестови за домашна употреба што ги воведе грчката Влада, од понеделник ќе бидат задолжителни и за вработените во малопродажбата, супермаркетите, продавниците за храна и пијалаци, транспортот, службите за чистење, фризерските и козметичките салони, берберниците, обложувалниците, а без потврда за негативен резултат, нема да им биде дозволено пристигнување на работното место, паралелно, предвидени се и казни за непочитување на новото правило, јави дописничката на МИА од Атина.

На денешната редовна прес конференција во Министерството за здравство на Грција, министерот за труд и социјални прашања Костис Хаѕидакис и алтернативниот министер за здравство Василис Кондозаманис го презентираа планот за селф тестовите во јавниот и приватниот сектор, односно во оние сектори што одново почнаа со работа.

Хаѕидакис рече дека новите одлуки се во рамките на мерките што ги преземаат за контрола на ширењето на коронавирусот на работните места, а селф тестовите ќе бидат бесплатни и задолжителни еднаш седмично.

Резултатите од тестовите, ќе се пријавуваат на специјалната интернет платформа, од каде што ќе се добива и потврдата при негативен резултат, додека пак доколку е позитивен, вработениот ќе треба во рок од 24 часа одново да се тестира во здравствена институција.

Во случај на потврда на првичниот позитивен резултат, тогаш се издава потврда и вработениот влегува во карантин.

Работодавците нема да смеат да ги примат на работа вработените кои нема да донесат потврда за негативен селф тест.

Паралелно, предвидени се и парични казни во висина од 300 до 1.500 евра.

Работодавците ќе бидат обврзани да ги информираат вработените за задолжителните тестирања, во спротивно ќе бидат казнети со 300 евра.

Ако примат на работа вработен без потврда, казната е 500 евра, додека пак ако лице кое има позитивен резултат од селф тестот редовно оди на работа, работодавецот ќе плати 1.500 евра.

Алтернативниот министер за здравство Василис Кондозаманис објасни дека селф тестовите ќе бидат задолжителни и за дел од вработени во јавниот сектор, односно за оние кои работат во општинските центри за услуги на граѓаните, за вработени во локалната самоуправа, во програмата „Домашна помош“, вработени во службите за чистење и судски службеници.

Процедурата на тестирање и пријавување на резултатите е идентична како и за приватниот сектор.

извор: МИА
Next Post

Белградски Торлак почна со производство на руската вакцина Спутник В

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Венецуела вели дека ќе ги брани своите брегови од „тајни операции“ на САД

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

„Ел Класико“ денеска во Мадрид: 262-та пресметка меѓу Реал и Барселона

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk