„Нашата влада уште пред две до три години бараше мониторинг од страна на ЕУ на големите случаи со криминал и корупција за да нема обвинувања во јавноста за политички прогон. Тогаш побаравме, а сега е во тек еден проект на ЕУ заедно со ОБСЕ за мониторирање на 50 случаи. Во моментов се регрутираат монитори, и од есен ќе започне сето ова. Ова е добар начин да се увери ЕУ дека судството ни функцонира, дека немаме селективна правда и дека сакаме владеење на правото и правната држава.“- посочи Бојан Маричиќ, министер за правда, во интервјуто на ТВ Стар.
Маричиќ истакна дека е завршено времето кога се нарачувале пресуди.
„Заврши времето со нарачки на пресуди, сега одлуките на судот и на обвинителството се во нивни раце, како и сите попатни мерки како што се притворот, конфискација на имот, сето тоа сега го одлучуваат надлежните институции, а не партиите. Пресудите исто така, затоа велам тоа време заврши и да не се повтори. Ние ја научивме таа лекција и ни би оделе низ истиот процес. За нас е важно работите да течат, никој да не биде обесправен, секој во рамките на законот, и во разумен рок, да стигне до правдата.“- изјави Маричиќ.