ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

ЦИВИЛ со најостра осуда на национализмот и насилството во случајот со кочанско Трајаново Трло

April 15, 2021 15:28
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ денеска излезе со ново соопштение за случајот со кочанско Трајаново Трло. Соопштението го пренесуваме во целост:

ЦИВИЛ најостро го осудува однесувањето на одредени политички и други структури во земјава во случајот со кочанско Трајаново Трло во кој се препознатливи крајниот расизам и националистичко дивеење. Без оглед на „страната“ од која доаѓаат деструктивните појави во општеството и на политичката сцена, без оглед на тоа дали се работи за политички, етнички или верски мотивирани инциденти, тие не може и не смее да се оправдаат и премолчат.

ЦИВИЛ ги повикува институциите да преземат итни и најостри мерки за санкционирање на организаторите и поттикнувачите на етнички мотивираната омраза и насилство.

Тие што малтретираат деца на таков брутален начин како што видовме на снимката во Кочани мора решително и бескомпромисно да бидат санкционирани според законот. ЦИВИЛ ја поздравува брзата реакција на институциите кои ги пронајдоа и  поднесоа кривични пријави за учесниците во насилството врз детето во Кочани. Насилството и говорот на омразата никогаш, под никакви услови, не се соодветен одговор за ништо!

Ваквото однесување во целата земја, а така и во општина Кочани, мора веднаш да престане! Граѓанското општество и јавноста во целост се повикани јасно и недвосмислено да ги отфрлат и да ги осудат говорот на омразата, дискриминацијата и насилството.

Воедно, ЦИВИЛ најостро го осудува и однесувањето на таткото на детето кој на социјалните мрежи се појави со видео во кое, вооружен, се заканува дека ќе се одмазди. Таквите појави и закани се крајно неприфатливи и забранети се со закон. И во тој случај, институциите се повикани час поскоро да го санкционираат таквото однесување.

ЦИВИЛ ги повикува релевантните институции итно и соодветно да го згрижат детето жртва на насилниците.

ЦИВИЛ се залага за општество во кое владеат слободата, еднаквоста и правдата, општество во кое граѓанките и граѓаните се чувствуваат безбедни и имаат доверба во институциите, каде што човековите права се гарантираат со Уставот и законите.

Next Post

Раст на прометот на индустријата на домашниот пазар, на странскиот забележано намалување

Shortcut

Најново

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk