Германските компании „Дојче Телеком“ и „САП“ ќе ја развијат техничката инфраструктура за европскиот сертификат за вакцинација, што ќе го олесни движењето во ерата на пандемија.
-Прелиминарниот договор со производителот „САП“ и подружницата „Т-системи“ на концернот „Дојче Телеком“ е веќе потпишан, изјави денеска за ДПА портпаролот на Европската комисија, потврдувајќи ги информациите на неделникот „Виртшафтсвохе“.
Според него, двете компании во моментов работат на техничките спецификации. Конечниот договор за развој на интерфејсот за размена на податоци меѓу националните апликации треба да биде потпишан наскоро. На национално ниво, ќе се користи софтвер креиран од одделни земји на ЕУ. Во Германија, ова ќе се прави со американскиот концерн ИБМ, разработувачот на софтверот Убирч, ИТ компанијата Говдиџитал и провајдерот Бехтле.
„Зелените сертификати“ се очекува да бидат подготвени за употреба во ЕУ до крајот на јуни. Документот мора да содржи информации за примените вакцини, резултати од тестовите и одлежани болести и да бидат признати од сите земји-членки на ЕУ. Кои предности ќе ги даде овој сертификат, секоја земја мора да одлучи самостојно.
 
			

 




 
 
