На Орце Камчев му е продолжен притворот за нови 30 дена. Јавното обвинителство, но и судот сметаат дека тоа е единствениот начин да обезбедат негово присуство во судница. Камчев не е кој било, цели 17 години неговото име се провлекува низ кривичната евиденција на МВР, но секогаш тој имаше начин како да се извлече од прогон, од судење, од казна. Обвинителството навистина има потешкотија да доброи колку фирми и трансфери со црни пари имал Камчев.
Министерот за здравство Венко Филипче нема да нарачува дополнителни дози вакцини од Институтот за вирусологија и серуми „Торлак“ од Србија која ќе ја произведува руската вакцина Спутник В, ниту од било кој друг произведувач, бидејќи како што рече веќе се обезбедени 2 милиони и 600 илјади дози. Посочи дека на 28 април ќе стигнат 200.000 кинески вакцини, а на 19 и 26 април 20.000 вакцини од „Фајзер“.
Ако се направи анализа за досегашната вкупно исплатена помош ќе се увиди дека во 2020 година кон секторот туризам и угостителство се исплатени над 37,6 милиони евра од вкупно 350,445 милиони евра колку што изнесувале директните плаќања од Буџетот на државата. Тоа значи дека секторот угостителство и туризам поддржан 7 пати повеќе од она што придонесува во домашната економија.
Порталот e-uslugi.gov.mk се надградува со многу нови дигитални услуги кои за граѓаните ги обезбедуваат институциите. До крајот на јуни ќе бидат достапни 30 нови, а Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) месечно ќе ги промовира сите што се воведени.
Загадувањето на воздухот во главниот град бележи пад во првиот квартал од оваа година, во споредба со истиот период претходните години. Државните мерни станици за месеците, јануари, февруари и март покажуваат праволиниски пад на нивото на ПМ10 честичките на територија на град Скопје.
Од дадените 34 милиони дози на вакцината АстраЗенека, откриени се 222 случаи на тромбоза поврзана со вакцините, а околу 30 лица починале. Ова значи дека проблем на одредено ниво се јавува кај една личност на секои 100-150.000 вакцинирани, и дека (приближно) една личност (во милион) ќе почине, вели д-р Милош Бабиќ, молекуларен биолог и неуробиолог.
ЦИВИЛ најостро го осудува однесувањето на одредени политички и други структури во земјава во случајот со кочанско Трајаново Трло во кој се препознатливи крајниот расизам и националистичко дивеење. Без оглед на „страната“ од која доаѓаат деструктивните појави во општеството и на политичката сцена, без оглед на тоа дали се работи за политички, етнички или верски мотивирани инциденти, тие не може и не смее да се оправдаат и премолчат.
М. Миткоска