ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Книга за македонското малцинство во Албанија од проф. д-р Марија Дојче од Универзитет во Корча

April 16, 2021 12:11
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во издание на „Менора“ од Скопје деновиве е објавена книгата  „Хармонска интеграција на македонското малцинство во Република Албанија – случај на македонското малцинство во областа Преспа и Врбник“ ,на албански јазик, од проф. д-р  Марија Дојче која предава на Универзитетот „Фан С. Ноли“ во Корча.

Како што пренесува весникот „Илинден“,  од издавачката куќа информирале дека објавата на книгата  е реализирана со несебична помош на Васил Стерјовски.

-Се заложи за објавување на едно од многуте научни истражувања направени меѓу Македонците во преспанскиот крај во Албанија. Македонците во Преспа и во Врбник имале можност да соработуваат со авторката Дојче, која своите сознанија ги внела во овој труд, велат од издавачката куќа.

Авторката Марија Дојче десет години е професор на катедрата за соцологија на  Универзитетот „Фан С. Ноли“ во Корча. Додипломски студии завршила на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Приштина, а постдипломски студии на Универзитетот во Тирана. Има спроведено и низа обуки во областа на позитивна психологија, ефективно родителство и критичко размислување на универзитетите Кент, Оксфорд и Монаш.

-Д-р Дојче продолжува да придонесува за истражувањето подобрување на научната и националната политика и за прашања на психокултурна интеграција на малцинско население кон мнозинското население. Таа има спроведено низа социопсихолошки студии за интеграција на националните малцинства во нашиот регион, наведува весникот.

Прнесува и дека објавувањето на книгата го поздравува Македонското друштво „Илинден“-Тирана и апелира до македонската влада да го помогне преводот и објавувањето на книгата на македонски и на англиски јазик.

-Апелираме до македонската влада да помогне со финансиски средства за превод и објавување на оваа исклучително важна книга за Македонците во Албанија, со цел нејзина достапност и до македонскиот читател. Секако, за меѓународна афирмација на животот на Македонците во Албанија, оваа книга би била многу полезна и во издание на англиски јазик, оценува друштвото.

извор: МИА

Next Post

Туристичките агенции со загуби над 80 проценти, ќе се приклучат на протестот на угостителите во вторник

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk