ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Угостителите добиле седум пати повеќе пари од тоа што придонесуваат во економијата

April 17, 2021 12:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Угостителството и туризмот придонесуваат со 1,54 отсто од БДП во домашната економија (податок за 2019 година), а во текот на последните 12 месеци овие сектори примиле над 37,5 милиони евра, од вкупната сума исплатена од државниот буџет која изнесува 350,5 милиони евра. Тоа значи дека кон овој сектор се исплатени 10,7 отсто од средствата, или, тоа е седум пати повеќе од нивниот придонес. Уште од почетокот на кризата угостителството и туризмот се постојано под владина заштита, во секој од пакетите има мерки кои се однесуваат директно на нив, па дури владата и за во иднина најави и нови мерки за овој сектор. Оттаму, нејасно е зошто угостителите преку протести вршат притисок врз владата.

Во првите четири пакети имаше конкретни десетици мерки со цел да му се помогне на угостителството да ја надмине економската криза. Имаше бескаматна кредитна линија на Развојната банка во износ од седум милиони евра, поддршка на плата во износ од 14.500 по вработен (април, мај, јуни), во износ од 10 милиони евра, субвенции на придонеси за вработени, износ од еден милион евра, туристички ваучери за граѓани со ниски примања, износ од 6,3 милиони евра, скалеста поддршка на плата (октомври, ноември и декември), износ од девет милиони евра, субвенции за туристички водичи, износ од 82,5 илјади евра, грантови за туристички агенции, износ од 1,2 милиони евра, грантови за ресторани за свадби, износ од 886 илјади евра, грантови за игротеки, износ од 216 илјади евра, грантови за ноќни клубови и естрадни уметници, износ од 637 илјади евра.

Сите овие мерки се со цел да не се дозволи оваа гранка да западне во длабока економска криза, а голем дел од угостителите ги имаат искористено. Во ситуација во која владата постојано покажува грижа, особено за угостителите и туристичките работници, но и кога ќе се направи анализа на изнесените бројки, тогаш е подобро овој сектор да има состаноци со економските преставници на владата за да зборуваат за можноста за уште поголеми мерки за помош, отколку да излегуваат на протести.

Д. Е.

Next Post

Жители Ново Маало: Разочарни сме од постапката на жителите на Градски ѕид, ќе поднесеме петиција до Владата и институциите

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk