Следната недела ќе биде објавен јавниот повик за финансиска поддршка од 1 милион евра за компаниите да можат да реализираат настани од јавен интерес со домашни изведувачи. На него ќе може да аплицираат и да бидат поддржани сите компании кои организираат настани и кои ќе исполнат јасни и прецизни критериуми.
Според моите информации, околу 2000 граѓани имаат нерешен статус на државјанство, од коишто 1300 се Албанци, другите се од другите етнички заедници. Oваа тема не смее да се „киднапира“ во дневно-политички препукувања, вели Османи.
Угостителството и туризмот придонесуваат со 1,54 отсто од БДП во домашната економија (податок за 2019 година), а во текот на последните 12 месеци овие сектори примиле над 37,5 милиони евра, од вкупната сума исплатена од државниот буџет која изнесува 350,5 милиони евра. Тоа значи дека кон овој сектор се исплатени 10,7 отсто од средствата, или, тоа е седум пати повеќе од нивниот придонес.
Вакуумот во регионот создаден делумно од кризата со Ковид-19 и претстојната длабока рецесија во ЕУ се плодна почва за опасни националистички идеи за прецртување на границите и под итно мораат да бидат сопрени, повика Емил Кирјас. Нејасно е зошто овој нон-пејпер циркулира сега, кој е негов автор, дали е пробен балон, но прашањата што ги отвори се во спротивност со сите вредности и принципи на ЕУ, сметаат Либералите во регионот.
ВМРО-ДПМНЕ може да гледа и да учи како се работи одговорно и чесно во унапредување на здравствениот систем. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ постојано дејствуваат на штета на здравствениот систем и јавното здравје, вели пратеничката од редовите на СДСМ Емилија Рамбабова.
Во нашата држава во тек е масовна имунизација на населението. Досега се вакцинирани 35.000 граѓани, пријавени за вакцинација се скоро 160.000 граѓани. Истовремено, дури и кога е во тек масовната имунизација, ВМРО-ДПМНЕ како и цела претходна година не се откажува од деструктивните политики, вели Весна Спирковска, член на комисија за здравство на ОО СДСМ Битола.
М. Миткоска





