ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Наместо онлајн, повторно останаа офлајн

April 19, 2021 11:07
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Може ли некој да објасни зошто опозицијата во Собранието го одигра вака ова со изгласувањето на петтиот пакет финансиска помош за погодените компании и работници од пандемијата? Збунети се, неспособни или се само злобни?!

Не, не, не се важи климање со глава… Има ли некој објаснување?

Бидејќи, по којзнае кој пат имаа прилика решително да се вклучат во решавање на некој важен проблем или стратегиска аспирација на државава. Не вреди да се набројува… И повторно развлекуваа, уценуваа, се пазареа, тактизираа, се инаетеа, преговараа, филибастерираа, влегуваа-излегуваа и се потсмеваа на власта во обидите да обезбеди „здрав“ кворум за собраниско работење, а всушност со недели ја одолговлекуваа помошта за целото население. Од некоја причина, опозицијата веројатно мисли дека протестите на луѓето погодени од последиците на пандемијата не се однесуваат и на нив.

На крајот, по обичај, владејачкото мнозинство најде „скафандер“-начин да ги направи ирелевантни за изгласување на петтиот пакет помош, па и тие, доведени до свршен чин, дигнаа рака во корист на македонското граѓанство. Откако сите сфатија дека немаат со што веќе да манипулираат.

Со тоа продолжува традицијата според која секогаш кога треба само да поентираат, да дигнат два прста и да одржат победничка прес-конференција за својата конструктивност и искрена грижа за граѓаните, опозицијата како да ја фаќа паника дека ќе направат нешто исправно, некое добро за сите, им се јавува некаков „синдром Апасиев“, политички се парализираат и – не собраа храброст да се издигнат на ниво на предизвикот на моментот, да покажат дека во нив има капацитет и за водење, а не само за кочење држава.

Сега ќе следува лечење на фрустрациите и повторно обиди да се санира политичката штета, претпоставувам со „срча до колена“ по која ќе треба сите да газиме. Во наредните неколку дена ќе се изнаслушаме здравствено-правни конфронтации, веројатно ќе има и кривични пријави – у-хааа, на фејсбук веќе и пресуди се донесени! – во однос на контроверзната одлука на Талат Џафери да прифати гласање со (изолирано, „скафандерско“) физичко присуство на двајца заразени пратеници од владејачките партии, за да се обезбеди сигурно донесување на мерките.

Така, истите оние кои вриштат и пиштат заради „неспособноста на власта“ да им помогнат на погодените од пандемијата, повторно ќе бидат најгласни во критиките за начинот на кој, после двомесечно доцнење, таа помош конечно се обезбеди. Лидерот на опозицијата, колку да се нема дилема за неговиот однос кон важноста на усвоените мерки, но и за причините за адекватниот рејтинг што самиот го ужива во јавноста, тоа го прогласи за „терористички чин“. И остана жив.

Всушност, и оваа невесела епизода во Собранието е последица на упорното одбивање на опозицијата за прилагодување на кризната состојба во која живее и делува секоја приватна и државна институција цела година наназад. Наместо народните избраници одамна да работат онлајн, што е усвоена пандемиска норма во целиот демократски свет, опозицијата повторно си остана офлајн. На маргините на важните одлуки за функционирање на македонското општество.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post
Форо: Станко Неделковски

Нова изложба во МСУ - Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-те и 80-те години

НАЈНОВО

Осомничената за грабежот на накит во Лувр пуштена од притвор

November 13, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025
Скриншот

Дијамантски брош на Наполеон, продаден за над 3,5 милиони франци

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk