ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Работи кои би ѝ ги кажала на 16 годишната јас

April 20, 2021 14:45
in ZOOM IN, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БИЛЈАНА АРСОВСКА

Мразам да бидам јас таа што ќе ти го каже ова, ама речиси ништо нема да испадне така како што планираш.

Викендите што ќе ги замислиш да ти бидат супер продуктивни, некогаш ќе се случи да ги поминеш во „горна пижама, во долна пижама, долна пижама во чорапа“ аутфит. Наместо да завршиш цел список со обврски, ќе изгледаш три сезони од Пријатели и ќе изедеш многу повеќе од препорачаните дневни калории. Тоа е сосема во ред.

Некои од луѓето за кои мислиш дека ќе бидат дел од твоето секојдневие засекогаш, од оваа или онаа причина ќе се оддалечат од тебе. Некои ќе те разочараат, некои ќе ти го скршат срцето, некои времето ќе ги отуѓи така умешно, што ќе ти биде сосема во ред што веќе не се дел од твојот живот. И vice versa; некогаш ти ќе бидеш виновна што некои луѓе веќе не се „твои“ луѓе. Ова најпрво ќе ти изгледа бесмислено, ама најпосле ќе сфатиш дека секој од нив има своја улога што откако ќе ја изигра, а ти си ја научила лекцијата, си заминува. Само неколку луѓе може да бидат главни ликови во твоето сценарио. И тоа е океј.

Срцето, како сложувалка, ќе научиш да си го составуваш сама. После многу разочарувања ќе научиш дека тоа што цело време си го барала наоколу, всушност било внатре во тебе.

Ќе стоиш пред огледалото и ќе ги презираш своите недостатоци. Ќе стоиш пред проклетото огледало и ќе се прашуваш што сѐ треба да смениш, за да бидеш задоволна. Ќе плачеш затоа што промената е тешка, а нема да знаеш дали некогаш ќе успееш да го постигнеш тоа што го сакаш. Ќе доцниш на многу настани заради овој чин. После неколку години ќе научиш дека сѐ дури не се сакаш себеси со сите свои недостатоци и маани, нема да умееш да сакаш ниту некој друг, искрено и без предрасуди. После извесно време ќе научиш дека твоите несовршености се тие што те прават да бидеш ти – ти. Ќе научиш дека животот не е Инстаграм. Ќе научиш и дека вистинската убавина не е видлива со очите, и дека е твоја должност пред сѐ да се погрижиш да бидеш прекрасна одвнатре, и така и да се чувствуваш.

Обвинувањето е еден од најбескорисните концепти на светот. Твојот живот не е судница, затоа барањето на виновник речиси никогаш не вреди да се дискутира ниту расправа. Обвинувањето само ќе ти го оттргне фокусот од изнаоѓање на начин како да се реши проблемот. Вперување на прст кон некој само ќе ти донесе огорченост, а никогаш нема да вроди плод. Да живееш со срдба е исто како да пиеш отровна напивка, а да очекуваш другиот да се токсифицира. Залудно е и штетно.

Никогаш, ама никогаш нема да престанеш да се грижиш за работите што ти значат. Колку и да копнееш по таа карактеристика, никогаш нема да научиш да бидеш индиферентна кон сѐ што те засега. Никогаш нема да станеш зен мајстор за прашања околу својата иднина, своите цели ниту туѓите неправди. Секогаш ќе допираат до тебе. После неколку години ќе се помириш со ова и ќе научиш дека токму тоа е една од твоите најголеми доблести. Ти се грижиш, твојата емпатија е пуштена на најгласно и не умееш да бидеш имуна на работите што ти значат. Грижливоста не е слабост, туку светот е преполн со дебелокожи егоисти кои не гледаат подалеку од својот нос. Овие работи ќе те принудат во својот свет да пушташ само луѓе кои го ценат твојот табиет. Луѓе кои исто како тебе, се грижат за другите, а не само за себе.

Љубовта не треба да биде болна, ниту деградирачка. Не си го троши времето на токсични врски само затоа што се комфорни. Сама и среќна е неизмерно подобро од комотна но несреќна. После некое време ќе научиш да бидеш сама без да бидеш осамена. Ќе научиш дека овие две работи не секогаш одат рака под рака.

Престани да го користиш времето како мерило за тоа каде треба да бидеш во животот. Некој дипломира на 22, а некој на 30. Некој ја наоѓа својата страст на 12, а некој на 40 години. Фокусирај се на својот пат. Има време кога и се восхитуваме на светлината на месечината, и има време кога им се восхитуваме на зраците на сонцето. Секој со својот тајминг. Престани да го користиш времето како мерило.

Неколку години од сега ќе сфатиш дека домот не е место, домот е чувство. Затоа, кога и да се чувствуваш осамено и изгубено, погледни во себе и помини време во свое друштво. Неколку години подоцна ќе дознаеш дека сѐ што ти треба и го бараш е веќе во тебе. Работи на себе.

Замени го „Зошто ова ми се случува на мене?“ со: „Која е лекцијата што треба да ја научам од ова искуство?“. Животот ќе те вивне во облаци и потоа ќе те мавне од земја со огромен замав. Ќе научиш да ги прогнозираш бурите и наместо да бараш засолниште, најпосле ќе дознаеш дека сѐ што треба да направиш е да застанеш цврсто на нозе и да го пречекаш невремето храбро, со главата горе. Ќе научиш дека едни од најубавите танци се оние кои ги играш токму на дождот.

И најпосле, пробај да не се грижиш толку многу! Тоа е бесмислено. Сериозно. Секое делче ќе си дојде на своето место. Ќе отидеш до пеколот и назад само за да најпосле сфатиш дека во животот, таа релација неизбежно ќе ја поминеш неколку пати, ама со секое враќање ќе стануваш посилна, попаметна и поимуна на таквите турбуленции. Ќе научиш дека без нив, не би го ценела толку времето поминато тука, на поубавата страна.

Еј, ти, исплашено девојче. Врзи се цврсто и подготви се за долго, лудо возење со ролеркостер. На ова патување ќе ја доживееш секоја емоција што постои; возбуда, страв, тензија, среќа, мачнина, тага. Ќе се вивнеш високо на небо, а во следниот момент веќе ќе се спушташ доле на земја. Ќе доживееш неколкумина брзи подеми и уште побрзи падови. Ќе биде ужасно, и ќе биде прекрасно. Ќе го мразиш, па ќе го сакаш ова искуство. Она што би ти го кажала сега, како редовен посетител на овој забавен парк, е дека сѐ што треба да направиш е да дишиш длабоко, затоа што на крајот сѐ ќе биде во ред.


Текстот е личен став на Авторката. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk