Владата на Република Северна Македонија го усвои Шестиот пакет антикризни економски мерки вреден 17,8 милиони евра за поддршка на дејностите кои беа целосно затворени со цел превенирање на ширењето на корона вирусот во текот на месец април 2021, како и за подобрување на ликвидноста на компаниите кои инвестираат во текот на 2021 година.
Бугарскиот постојан претставник во ЕУ, Димитар Цанчев изјави дека Бугарија останува подготвена за дијалог со Северна Македонија, иако земјава продолжува да не го спроведува Договорот за добрососедство.
Постојните мерки за ограничување на движењето и за другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на КОВИД-19 остануваат во сила уште една недела. Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести, вчера одлучи тие да се применуваат до 27 април 2021 година (вторник).
Продолжува процесот на вакцинација во земјава. Земјава има направено нарачки на над 2 милиони вакцини, но од вчера, доколку за тоа се укаже потреба, вакцини ќе може да набавиме од Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Србија.
Средните училишта се подготвуваат за полагањeто на државната матура. На онлајн средбата со министерката за образование и наука Мила Царовска информираа дека постапуваат согласно заедничкото решение на Владата и Сојузот на средношколци за спроведувањето на завршниот испит.
Национаната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси и Акцискиот план за спроведување 2021 – 2025 година, опфаќа 14 критични сектори, од кои четири за првпат – урбанизам и просторно планирање, животна средина, земјоделство и спорт. Приоритетни сектори се јавните набавки и вработувањето во јавниот сектор, додека најмногу мерки и активности се насочени во секторите здравство, образование и инспекциски служби, велат од ДКСК.
ФРОНТ:
„Злостор и казна, со поинаков исход“– пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА
М. Миткоска