ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Заев: Во глобална пандемија рекорден број апликации на јавните повици на ФИТР

April 21, 2021 13:23
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со иновативноста и креативноста ги надминуваме предизвиците од минатото и сегашноста и се создаваат услови за промени за подобро утре. Посветеноста на компаниите за постојан развој базиран на трансфер на знаење и на унапредување на сопствените технолошки процеси низ иновативни решенија придонесува за поквалитетни и поконкурентни производни услуги, создавање нови работни места и економски раст и развој на секоја компанија одделно, порача премиерот Зоран Заев на денешната панел дискусија на тема „Со инвестиции во иновации до одржлив економски раст и развој“.

Дискусијата е во организација на Фондот за иновации и технолошки развој по повод 21 Април – Светскиот ден на иновативноста и креативноста.

Улогата на ФИТР како кредибилен партнер за поддршка на иницијативите на компаниите, укажа, е веќе сериозно препознаена во нашата земја. За него лично огромна потврда за тоа е што оваа година во глобална пандемија имаме рекорден број доставени апликации во однос на кој било досегашен јавен повик кој го спроведува ФИТР.

 Како што информира Заев, на јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст, кој воедно е дел од петтиот пакет на антикризни мерки, пристигнати се 706 апликации, од кои 540 се од компании кои аплицираат првпат, 207 се старт-ап компании.  

За довербата во програмите на ФИТР и на економските политики на Владата, според Заев, говори и фактот што компаниите што аплицирале се подготвени да учествуваат со свој дел и сите заедно се подготвени да инвестираат околу 27 милиони евра сопствени средства.  

– Овој јавен повик следи по јавниот повик на ФИТР за поддршка на компаниите за брзо прилагодување и надминување на последиците од КОВИД -19 што беше дел од третиот пакет на антикризни мерки. За 2021 година ФИТР ќе објави јавни повици за финансирање за преку повеќе финансиски инструменти во износ од 17,5 милиони евра. Од портфолиото на Фондот во тек е реализација на проекти од 550 компании во вкупна вредност од 77 милиони евра.Колку за споредба, од ситуација кога до 2017 година државата одвојуваше многу помалку за поддршка на иновативни проекти, денеска зборуваме за поддршка за повеќе од 550 проекти. До 2017 година ФИТР поддржуваше во просек само 36 компании годишно. Сето ова треба да се гледа во контекст на креирање на новата развојна економија што е во фокусот на Владата за 2021 година, а тоа меѓу другото е можно и преку поддршка на иновативни проекти и старт-ап, рече премиерот.

Информира дека во Буџетот за оваа година имаат проектирано 70 милијарди денари или 1,1 милијарда евра за економски програми кои предизвикуваат и подразбираат директна поддршка на инвестициски проекти на компаниите, поддршка на технолошкиот развој, дигитализација, иновации, проширување на производствените процеси, повисока продуктивност, обука за вработените, претприемништво, но и индиректна поддршка за бизнисот во унапредување на регулативата, намалување на давачките, како и средства за реализација на капитални инвестиции во инфраструктурни проекти.  

– Наша најважна обврска како Влада е да креираме општество и образовен систем кој ќе создава млади нови генерации со критична мисла, кои ќе бидат креативни и иновативни. Во тоа сме успеале тогаш кога младите почнуваат да бидат љубопитни, да ги ставаат на тест сите информации кои стигаат до нив и кога почнуваат да се прашуваат дали може подобро. Тоа е основата и суштината на  иновацијата.Знам дека економскиот раст на една држава во најголем процент се должи на традиционалните инвестиции, но иновативноста е тоа што ја прави разликата, што не движи напред и не прави конкурентни на светскиот пазар и создава дополнителна вредност како за претпријатијата, така и за државата, наведе Заев во обраќањето.  

Целта на овогогодишното одбележување на Светскиот ден на креативноста и иновативноста под покровителство на Обединетите Нации во 202, е да поттикне свесноста за улогата на креативноста и иновативноста во сите аспекти на општеството.

извор: МИА

Next Post

Турска донација од 7.400 комплети гортекс униформи за припадниците на Армијата

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk