ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Неискористените вакцини на Астра Зенека отвораат можност за вакцинација на грчките граѓани од 30 до 39 години

April 21, 2021 20:08
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Поради слободните термини и достапните количини на вакцината на Астра Зенаека, во Грција, од следниот вторник ќе се отвори платформата за закажување термин за вакцинација на лицата од 30 до 39 години, паралелно со регуларниот процес на имунизација на повозрасните граѓани, јави дописничката на МИА од Атина.

Вакцинација на лицата над 30 години, ја најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата ТВ порака, истакнувајќи дека целта е побргу да се стекне колективен имунитет, додека пак министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас и генералниот секретар во Министерството за здравство, надлежен за имунизацијата Мариос Темистоклеус, ги објаснија деталите.

Рекоа дека граѓаните на возраст од 30 до 39 години од вторник ќе можат да се пријават, вакцинацијата ќе започне веќе следниот ден, а ќе се однесува само на вакцината на Астра Зенека

Темистоклеус рече дека ова е можност за помладите да се вакцинираат порано од предвиденото, повтори дека вакцината е безбедна, а во Грција со Астра Зенека веќе се вакцинирани над 440 илјади лица.

Кикиљас и Темистоклеус соопштија дека од 4 мај ќе се забрза процесот на имунизација, планирано е во текот на следниот месец да се спроведат над 2,5 милиони вакцинации, да започне употребата на вакцината на Џонсон, но и да се прошири работното време на центрите за имунизација и да работат секој ден.

Генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција рече дека досега, во земјата се спроведени 2.645.000 вакцинации од кои 1.870.000 или 17,8 отсто од населението се вакцинирани со првата доза, а 775.000 граѓани или 7,4 отсто се ревакцинирани.

Соопшти податоци и во однос на одѕивот на граѓаните, односно за категориите граѓани за кои веќе е во тек процесот.

Од оние што се над 85 годишна возраст, 61 отсто се вакцинирани со една доза, а заедно со оние што имаат закажан термин достигнува до 65,7 проценти.

За возрасната група од 80 до 84 години, исто така 61 отсто се вакцинирани со една доза, а заедно со граѓаните со веќе закажан термин учеството е 66 проценти.

Една доза примиле 68 отсто од граѓаните меѓу 75 до 79 годишна возраст, а 50 отсто од оние меѓу 70 и 74 години, но заедно со граѓаните што веќе имаат закажан термин, се очекува за првата возрасна група учеството да достигне до 77 отсто, а 70,57 за втората.

За возрасната група од 65 до 69 години, неодамна беше отворена можноста за закажување термин, па така е мало учеството, односно само 27 ја примиле првата доза, но се очекува да стигне до 68,5 отсто.

Последната група за која е во тек процесот на имунизација е од 60 до 64 години, од кои  51 отсто веќе ја примиле првата доза, а ќе достигне до 60 проценти заедно со оние кои имаат веќе термин.

извор: МИА
Next Post

Франција донира 100.000 дози на Астра Зенека во програмата Ковакс

НАЈНОВО

Скриншот

Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

October 28, 2025

ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk