ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Жителите од Ново Маало: Ако Општина Центар го суспендира ДУП-от ќе поднесеме тужба и до судот во Стразбур

April 22, 2021 10:39
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Жителите од Ново Маало, вчера и официјално поднесоа петиција до Владата и Општина Центар со која бараат итно да постапат согласно законите и да овозможат изградба на комплексот кој е предвиден да се гради на паркингот на Холидеј Ин. На петицијата, како што велат, се потпишаа преку 330 жители на Ново Маало, но и соседи од Градски ѕид и граѓани кои го разбираат нашиот проблем и ни даваат поддршка, за што им упатуваме благодарност.

Денеска најавуваат мобилизација на правен тим во одбрана на нивните ставови.

„Откако вчера ја поднесовме петицијата до Владата на РСМ и Општина Центар со која бараме во ниту еден случај да не се направи суспензија на планот, акт кој би ја спречил изградбата на комплексот кај Холидеј Ин, ние жителите на Ново Маало, почнуваме со мобилизација на правен тим во одбрана на нашите ставови.

По досегашните консултации со правни експерти, децидно укажуваме дека нашите права се неопсориви, пред се правото на сопственост на имотот со кој располагаме што е уставно загарантирано право на секој човек. Правото на сопственост како уставно загарантирано право на сопственикот му дава права имотот да го држи, целосно да го користи и да располага со него по своја волја.“, велат жителите од Ново Маало.

Нагласуваат дека доколку општината одлучи да го суспендира ДУП-от, тие ќе поднесат колективна тужба пред државните институции, но и до Стразбур.

„Досега делуваме конструктивно, но сега, уште еднаш повторуваме дека сме целосно подготвени да ги искористиме сите правни механизми за што и официјално започнавме правни консултации, доколку општината одлучи да го суспендира ДУП-от со кој сме засегнати.

Уште еднаш укажуваме дека суспензијата ќе ни ги загрози правата кои ги наведуваме и заради тоа ќе поднесеме колективна тужба за претрпена штета од 1930 до 2021 година пред државните институции, но и до Стразбур. Како што наведовме и претходно, работиме и на пријава до Управна инспекција заради непостапување на општината.

Исто така, напоменуваме дека до добивање на конечен одговор на нашите тужби, до последниот ден, ние жителите на Ново Маало ќе ги блокираме сите улици кои ја оградуваат парцелата.“, истакнуваат жителите од Ново Маало.

Ј. Ѓ.

Next Post

Гутереш: Непромислено ги ограбуваме ресурсите на Земјата

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk