ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Македонските и бугарските историчари го одржуваат 13. состанок

April 22, 2021 13:06
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Учебниците за седмо одделение, како и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев се темите за кои разговараат историчарите денеска на 13. состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија, кој се одржува онлајн.

Комисијата претходно се состана кон крајот на февруари, а тогаш Министерство за надворешни работи соопшти дека на 12-та средба не бил постигнат напредок во однос на дискусијата за учебниците по историја, ниту согласност за прашањата поврзани со Средниот век.

МНР по средбата излезе со соопштение во кое наведе дека на предвидениот дневен ред биле прашања поврзани со содржината на Записникот од 10. средба, изготвувањето препораки за учебниците по историја со цел надминување на споровите кои произлегуваат од различните и силно исполитизирани толкувања на минатото и усогласување на текст препорака за заедничко чествување на Гоце Делчев. Меѓутоа Комисијата тогаш не го отворила прашањето за Гоце Делчев и негово евентуално заедничко чествување.

За бугарскиот копретседател на Комисијата  Ангел Димитров 12. состанок заврши без напредок. – Ние се уште сме во десеттиот век и нема чекор напред, изјави тогаш Димитров на брифинг во бугарското Министерство за надворешни работи. Тој тогаш изјави дека се уште не е решен спорот околу цар Самоил и случувањата од периодот на крајот на Првото бугарско царство, бидејќи од македонска страна постоела целосна воздржаност да се спомене дека заедничката историја започнала во Средниот век и поради „двоен стандард во проценката за Самоил, во зависност од тоа дали станува збор за заеднички прослави или за текстовите во македонските учебници“.

Извори од тимот на македонските членови на Комисијата, за Радио Слободна Европа тогаш, пак, брифираа дека понудиле неколку предлози за Цар Самоил кои претставувале чекор напред од нивните досегашни позиции, но дека бугарските колеги ги одбиле и останале на своитe стари ставови „кои се во основата на спорот помеѓу двете историографии“.

– Очигледно е инсистирањето на колегите од Софија да се наметне еднозначно решение кое е туѓо за начинот со кој се надминуваат спорови што произлегуваат од различните и силно исполитизирани толкувања на минатото. Решавањето на спорот води исклучиво преку самокритичен пристап кон сопствените етнонационални историски наративи, а не преку наметнување на еден наратив врз друг, велат истите извори од македонскиот тим историчари.

Во 2021 година се очекува Комисијата да има пет состаноци.

извор: МИА

Next Post

Фатиме Фетаи избрана за обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk