ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Максим Димитриевски очекува од ВМРО-ДПМНЕ обештетување од 1 денар и јавно извинување за клевета согласно правосилна пресуда

April 22, 2021 15:01
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, објави дека согласно правосилна судска пресуда очекува од ВМРО-ДПМНЕ да му исплатат обесштетување на симболечин износ од 1 денар и јавно на прес-конференција да му се извинат за изнесените клевети.

„Очекувам ВМРО ДПМНЕ да ми исплати обесштетување од 1,00 (еден) денар и јавно на прес конференција да ми се извини за изнесените клевети согласно правосилната судска пресуда (износот е симболичен бидејќи не ми се потребни нивните пари, образот е тоа што е важно).

Правдата е бавна, можеби доцни, но секогаш стига. Пресудата се однесува за случката во ресторанот кога на семејна прослава пред четири години бев физички нападнат од група лица блиски до Вмро дпмне, настан кој подоцна тужените се обидоа во јавноста да го прикажат во поинакво светло и да ја искриват вистината, тогаш монтираа кривична пријава од политички мотиви со цел да ми го нарушат угледот во јавноста која што беше отфрлена од ОЈО Куманово.

Реприза имаше и минатата година со кривичната пријава за наводно кршење на законот во време на самоизолација но овој пат по сценарио на други “авторитети” но под режисерската палка повторно на поединци од МВР (се однесува на лукративните послушници кои секогаш се исти без разлика кој е на власт, респект за професионалците кои ги има многу а од ваквите стагнираат и не напредуваат), за жал таквите обиди не згаснуваат ни до ден денеска.

Се води нова постапка и за овој случај во ОЈОГОКК и верувам дека за истата еден ден ќе има процесуирано кривична пријава за одговорност на поединци во системот кои работат со умисла и цел политички да девалвираат но и со умисла да наштетат на неистомисленици на нивните надредени “авторитети”.

На прес конференција на ВМРО ДПМНЕ вчера слушнав многу лажни обвинувања против мене и локалната самоуправа во однос на наводно нереализирани проекти.

Каква е реализацијата и во какви услови кој и колку реализирал најдобро се запознаени граѓаните на Куманово.

Ве убедувам и едните а и другите, нема да ме обесхрабрите ниту мене ниту мојот тим а најмалку кумановчани, ваквите манипулативни обиди се само причина повеќе да продолжиме да работиме многу повеќе за наше Куманово и наша Македонија!“, се наведува во објавата на Фејсбук од градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

 

Next Post

Реакција на МОН на прес конференцијата на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk