ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Состојбата со Ковид-19 се смирува, внимателност во периодот што следи, а со негативен ПЦР тест или вакцинација патување во Грција

April 23, 2021 09:01
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Share on FacebookShare on Twitter

Состојбата со коронавирусот се смирува, а епидемилошката крива спласнува, децидни се надлежните. Сепак, повикуваат на поголема внимателност и во периодот што претстои. До крајот на месецот се очекува да пристигне голема количина на вакцини од Кина, а според најавите, на сите наши граѓани кои сакаат да патуваат во Грција, ќе им биде потребен сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест.

Нашата држава, како што изјави вчера министерот за здравство, Венко Филипче, веќе има изготвено сертификат, по насоки на ЕУ, со посебен код кој ќе послужи на граѓаните да патуваат во Грција, откако тамошните власти ќе донесат и официјална одлука за тоа.

Според најавите што Филипче ги добил од грчкиот министер за туризам Теохарис, тоа се очекува да се случи на 14 мај. Освен сертификат за вакцинација, граѓаните кои не се вакцинирани ќе може да патуваат и со потврда за негативен ПЦР – тест што може да го направат во една од дваесетте лаборатории кои имаат дозвола од Министерството за здравство.

-Тоа што би требало да се бара при премин на границите се потврда или за примена вакцина за што ние имаме спремна потврда со соодветен код, кој ќе биде прифатен на сите гранични премини. Тој сертификат е подготвен и на почеток на следната недела веќе во понеделник ќе се издава ретроактивно на сите лица кои се ревакцинирани. Доколку граѓаните не се вакцинирани, вториот услов е негативен ПЦР тест, изјави вчера Филипче.

Инаку, уште не се знае дали со една доза на вакцината Астра Зенека ќе може да се патува во странство, но така функционира и таква одлука има кај Велика Британија.

-Таа тоа го дозволи поради две работи, прво за пократко време да бидат вакцинирани што поголем број граѓани, но во исто време потврдувајќи дека само една доза создава сосема доволна количина антитела и веќе 2-3 недели после вакцинацијата граѓаните се целосно заштитени, рече министерот.

Надлежните очекуваат да се смени динамиката во однос на вакцинирање во Скопје и во другите градови со пристигнување на големата количина на вакцини од Кина до крајот на месецов, како и дополнителните капацитети, односно спортските сали кои веќе се подготвуваат во шест градови во државата каде е најавено да се спроведе масовна имунизација.

Кинеската вакцини се очекува да пристигнат на 28 април, поточно станува збор за 200 000 дози. За процесот на вакцинација се подготвуваат спортските сали во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола каде ќе се работи на ист принцип како во салата Борис Трајковски.

Исто така, надлежните појаснуваат дека состојбата со вирусот се смирува, епидемиолошката крива спласнува, а тоа, како што појасни вчера Филипче, го гледаме по бројот на новодијагностицирани случаи, каде веќе повеќе денови по ред се намалуваат.

Филипче изрази увереност и дека спласнува притисокот врз болниците, иако не се целосно ослободени голем број на одделенија.
Инаку, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1585, и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 924 пациенти, а во ковид-центрите во Скопје 661 лице.
Според извештајот на Министерството за здравство, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството соопшти дека има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Според последните податоци, во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што вкупно 661 лицe сомнителнo и потврденo за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 603 случаи со Ковид-19. Оздравени се 641 пациенти, а пријавени се вкупно 39 починати.

Досега во земјата се направени вкупно 700 728 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 149.221. Бројката на оздравени пациенти е 126.234, а на починати е 4.595. Бројот на активни случаи изнесува 18.392.

извор: МИА

Next Post

Министерот Османи на средби со највисокото раководство на Република Косово

НАЈНОВО

Фото: МВР Србија

Масовен студентски марш кон Нови Сад, една година без одговорност за падот на настрешницата

October 31, 2025

Утре гласаат болните, в недела втор круг локални избори во 32 општини и Градот Скопје

October 31, 2025

Национализам, етнички тензии и популизам: Етничката карта ја обои трката пред вториот круг

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Управниот одбор на Комунална хигена до Арсовска: Сите ингеренции и надлежности да назначувате и разрешувате директори ги имате исклучиво вие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk