ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче: Добро се одвива процесот на имунизација против Ковид-19, согласно возраста ќе се вакцинираат сите кои се пријавени

April 23, 2021 11:16
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Процесот на имунизација против Ковид-19 на територијата на целата држава се одвива добро. Апелирам уште еднаш граѓаните да се пријават за вакцинација на сајтот vakcinacija.mk. Околу 150 илјади граѓани во овој момент се пријавени и тоа ќе биде начинот на кој ќе го продолжиме процесот на имунизација, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека во сите пунктови од вакцината на „Астра Зенека“ останати се околу 5000 дози и како дополнување на тоа околу 5000 дози од количината од вакцината на „Фајзер“ која веќе пристигна во земјата, ќе бидат дистрибуирани како надополнување за да се одвива процесот на вакцинација во следниот период. Со оваа количина денеска и некоја количина од 150 до 200 дози, појасни, практично целосно се искористува вакцината на „Спутник“.

– Околу половина од количините 1000 се искористени од вакцината на „Синофарм“ која стигна како донација од Обединетите Арапски Емирати. Добивме листа од компанијата „Фајзер“ со која ни беше презентиран распоредот со кој ќе стигнуваат останатите количини во мај. Секој понеделник меѓу 5000 и 7000 вакцини, околу 26 000 се предвидени да стигнат во текот на целокупниот месец и тоа ќе биде една количина која ќе испланираме како ќе биде дистрибуирана ширум државата, рече Филипче.

Тој потенцира дека со целокупната количина од 200 000 дози на вакцината „Синофарм“ која треба да стигне околу 28 април, а за што е подготвен планот и дистрибуицијата согласно бројот на пријавени граѓани на сајтот vakcinacija.mk , која веднаш по пристигнувањето, а тоа ќе се преклопи со велигденските празници, ќе биде дистрибуирана ширум државата.

– Вакцинацијата со таа вакцина ќе почне во вторник непосредно по завршување на велигденските празници. Дотогаш сите спортски и училишни сали во сите шест градови ќе бидат подготвени. Салата во Охрид е веќе подготвена. До понеделник односно вторник и сите останати во останатите градови во Штип, во Куманово, во Битола, во Тетово и во Кавадарци ќе бидат спремни и опремени и со потребните фрижидери и опрема и со кадар од соодветните здравствени домови за да вакцинацијата започне согласно распоредот, истакна Филипче во салата „Борис Трајковски“ каде денеска како дел од вработените во критичната инфраструктура се вакцинираат пратениците во Собранието и дел од стручните служби кои не се вакцинираа претходниот пат.

– Ќе ја примат вакцината на „Спутник“ и денеска во три групи е организиран процесот на вакцинација и паралелно на сето тоа во салата „Борис Трајковски“ се одвива вакцинацијата и на постарите граѓани над 73 години, додаде Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека нивниот став е дека согласно возраста ќе се вакцинираат сите кои се пријавени. – Знаат и членовите на здруженијата со оглед на тоа што имаат огромна бројка на граѓани кои имаат хронични болести и нашиот став е дека ќе одиме според возраста, односно како ќе стигне големата количина на вакцини. Затоа апелирам и да се пријават согласно пријавувањето ќе се вакцинираат практично после велигденските празници кога ќе стигне оваа значајна голема количина од вакцината на „Синофарм“, посочи Филипче.

Тој одговарајќи на новинарско прашање за тоа со која вакцина да се вакцинираат граѓаните со алергии рече дека во мај на располагање во пунктовите насекаде во државата ќе има повеќе вакцини.

– Засега нема ниту една контраиндикација за ниту една група на граѓани, освен за граѓаните помлади од 60 години за вакцината на Астра Зенека, тоа е нешто што веќе го објавивме и нема друга контраиндикација за ниту една здравствена состојба. Меѓутоа, и пунктовите се така организирани да граѓаните се пречекани од здравствени работници коишто земаат анамнеза и разговараат за здравствената состојба. Значи нека никаква контраиндикација за некаква претходна состојба за која било вакцина која што очекуваме да стигне во нашата земја. Но, може да се поразговара, лекарите се токму за тоа тука, потенцира Филипче.

извор: МИА

Next Post

Проектот Среќа за поддршка на семејствата во социјален ризик се проширува

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk