ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче: Во тек е вакцинација на пратениците, во мај очекуваме 26.000 дози вакцини Фајзер

April 23, 2021 11:47
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во А1 СЦ Борис Трајковски денеска ќе се вакцинираат пратениците, а паралелно тече вакцинација на повозрасната категорија на граѓани над 73 години, рече денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче, во изјава за медиумите.  Вакцинацијата на пратениците е со вакцината Спутник В, а процесот на вакцинација на возрасната група граѓани, во Борис Трајковски е со вакцината на производителот Фајзер.

-Денеска како дел од вработени во критична инфраструктура ќе се вакцинираат пратениците во Собранието и дел од стручните служби кои не се вакцинираа претходниот пат. Ќе ја примаат вакцината Спутник В и денеска за нив процесот на вакцинација е организиран во 3 групи. Паралелно на сето тоа во пунктот во салата Борис Трајковски тече вакцинацијата на постарите граѓани над 73 години. Процесот на инунизација добро се одвива на територијата на целата држава во сите пунктови. Од вакцината Астра Зенека останати се близу 5.000 дози и како дополнување на тоа, околу 5.000 дози од онаа количина на вакцината на Фајзер кои пристигна во нашата земја ќе бидат дистрибуирани како надополнување за да тече процесот на вакцинација во периодот кој е пред нас. Со оваа количина денеска и уште некоја количина од 150-200 дози практично целосно се искористува вакцината на Спутник. Околу половина од количините, 1.000 се искористени од вакцината на Синофарм којашто стигна како донација од страна на ОАЕ – рече министерот Филипче.

Системот е спремен, за сите дози вакцини кои ќе стигнуваат во земјава, рече министерот. Во завршна фаза се спортските сали низ градовите каде ќе се спроведува масовна имунизација, по примерот на салата Борис Трајковски.

-Ние денеска добивме листа од страна на компанијата Фајзер, односно презентиран е распоредот за пристигнување на  останатите количини вакцини во месец мај. Секој понеделник најавено е дека ќе пристигнуваат помеѓу 5.000-7.000 дози,а околу 26.000 предвидени се да стигнат во текот на целиот месец. Она за што се спремаме е за пристигнувањето на целата количина од 200.000 дози на вакцината Синофарм. Спремен е планот и дистрибуција ќе се довива согласно бројот на пријавени граѓани на сајтот vakcinacija.mk Вакцините ќе бидат дистрибуирани ширум државата и вакцинацијата со таа вакцина ќе започне во вторник непосредно после завршувањето на велигденските празници. До тогаш ќе бидат сите спортски сали и училишни сали во сите 6 градови спремни. Салата во Охрид е веќе спремна, до понеделник, односно вторник и во останатите градови Штип, Куманово, Битола, Тетово и Кавадарци ќе бидат спремни и опремени, со потребните фрижидери, опрема и со кадар. Апелирам уште еднаш граѓаните да се пријават на сајтот, околу 150.000 граѓани во овој момент се пријавени и тоа ќе биде начинот по којшто ќе го продолжиме процесот на имунизација – изјави министерот Филипче.

Во врска со епидемиолошката состојба во земјава, Филипче посочи дека значајно е намален бројот на прегледи и притисокот за прием на пациенти во сите ковид центри низ државата. Епидемиолошката ситуација стивнува, а во текот на викендот одредени одделенија коишто беа адаптирани за прием на ковид пациенти ќе бидат ослободени односно ќе се вратат во регуларната рутина, спремни за прием на пациенти.

-Во однос на епидемиолошката ситуација, во однос на капацитетите на болниците, се бележат трендови на опаѓање на бројот на новодијагностицирани случаи, нешто што е многу значајно. Се намалува бројот на прегледи во сите ковид центри во сите градови, значајно намален е притисокот за прием на пациенти во болничките установи, иам голем број на слободни болнички кревети, а ние во рамките на таа прераспределба од денес односно викендов ќе започнеме и со ослободување на дел од одделенијата коишто беа ангажирани дополнително во овој период да третираат ковид пациенти. Верувам дека овие трендови ќе продолжат, дека нема да има нешто што ќе не изненади, а на почетокот од следната недела ќе зборуваме понатаму и за типот на рестриктивни мерки што ќе ги предложиме во текот на следната недела – изјави Филипче.

 

Next Post

Османи во Приштина: Единствена алтернатива за регионот е членството во НАТО и ЕУ

Најново

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

Оставете нè да ви принесуваме убавина, се угушивме во грдотија

April 28, 2026

Во Хрватска ќе се гради дата центар за вештачка интелигенција вреден 50 милијарди евра

April 28, 2026

Тошковски: Протоколот за лица без државјанство е значаен чекор кон системско и навремено решавање на овие случаи

April 28, 2026

(ВИДЕО) Филипче: Вајц го демантира Мицкоски – Владата нема напредок во реформите и свесно го блокира европскиот пат

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk