ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Владините претставници веројатно ќе се вакцинираат по велигденските празници, рече Филипче

April 23, 2021 14:07
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владините претставници веројатно ќе се вакцинираат после велигденските празници, кога и се очекува во земјава да пристигнат првите поголеми количини на вакцини.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче кој беше во посета на Поликлиниката во Шуто Оризари по повод отворање на ординација на матичен гинеколог.

– Владините претставници се пријавени на сајтот Вакцинација.мк, така што кога ќе пристигнат првите поголеми количини, пред се мислам на кинеските вакцини, за кои најавено е дека ќе стигнат на 28 април и ќе бидат дистрибуирани ширум државата, за во вторник веднаш после празникот Велигден да започне вакцинацијата со тие вакцини и мислам веќе ќе бидат на ред и други институции кои спаѓаат во делот на критичната инфраструктура, рече Филипче.

Тој апелира граѓаните да се пријавуваат за вакцинација и смета дека со кампањата што ќе почне наскоро од Владата ќе се зголеми интересот за вакцинирање.

Филипче вели дека нема форма на вакцинален пасош, туку има потврди кои се прифаќаат од земјите во регионот. Тие, како што вели, се подготвени и веќе од следната недела ќе се издаваат. Засега информациите, додава, се дека за влез во Грција освен таа потврда, алтернатива е негативен ПЦР-тест.

Прашан зошто оваа година е потребна потврда од офталмолог за упис на првачињата, Филипче рече дека досега не стигнала таква информација до него, но смета дека таа идеја не е лоша.

– Првпат ја слушам информацијата дека е потребна ваква потврда за офталмолошки преглед на децата, иако сметам дека доколку е така, воопшто не е лоша таа идеја, затоа што проценка на видот кај децата значи дека може рано да се детектираат одредени малформации или пореметувања на видот за кои можеби офталмолошко помагало, доколку навремено се аплицира, може да учествува во корекција на истиот. Како концепт е добар, но ќе разговарам со колегите од МОН, рече Филипче, додавајќи дека пристап до офталмолошка услуга граѓаните можат да искористат во сите ПЗУ кои имаат договор со Фондот.

извор: МИА

Next Post

Заев-Гир: Поддршка од ЕУ за развојните и интеграциските процеси

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk