Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден (24 април) продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје, како што се посочува, изречени се вкупно 138 мерки, меѓу кои за непочитување на брзината на движење 81 санкција, пет за возење без возачка дозвола, пет за користење мобилен телефон, три за некористење на сигурносен појас, 29 санкции за непрописно паркирани возила.
Од МВР потенцираат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.







