ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ДЗИС денес го одбележува Светскиот ден на интелектуалната сопственост

April 26, 2021 11:06
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот завод за индустриска сопственост, денес, на 26 април го одбележува Светскиот ден на интелектуална сопственост. Со оглед на условите предизвикани од пандемијата со КОВИД-19, оваа година го одбележуваме во поинакви околности, без медиуми/јавен настан и без гости.

Државниот завод за индустриска сопственост почитувајќи ги сите здравствени протоколи ја додели наградата „Патент на годината за 2020 година“. Оценувачката комисија согласно критериумите за избор на патент на годината, ги разгледа пријавите за патент за минатата 2020 година и од потесниот избор сведен на пет патенти беше избран пронајдокот на Димитрија Анѓелков од Кавадарци кој со неговиот тим измисли „Респираторна машина“. Исто така Државниот завод за индустриска сопственост им додели признанија на иноваторите Борис Нешковски, кој доби знатен и сребрен медал на саемите во Москва и Мароко за изумот „Интелигентен стап за навигација на слепи лица“ и на Драган Јованов за иновацијата „Агрофит тоник за мултиплекс склероза“ кој беше добитник на девет златни медали и еден златен пехар.

Годинава, денот на интелектуалната сопственост, за чиjа идејна организација е задолжена Светската организација за интелектуална сопственост, се одбележува во знакот на  ,,IP и мали и средни претпријатија- Пренесување на вашите идеи на пазарот“.

Милионите мали и средни претпријатија (МСП), кои работат низ целиот свет започнуваат со идеја што се оформува во нечиј ум и се пробива на пазарот. Токму таа идеја е деловна можност која  генерира вредност, креира нови вработувања и гозбогатува изборот на нови производи достапни за потрошувачите.

Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС) преку патентирање на тие идеи овозможува посигурна положба на пазарот и јакнење на конкурентноста на претпријатијата. Инвестицијата во заштита е многу повеќе од заштита од потенцијалните конкуренти. Тоа е начин на зголемување на пазарната вредност на малите и средни претпријатија и зголемување на можностите за профит.

Токму поради ова ДЗИС постојано укажува дека малите и средни претпријатија треба да ја вреднуваат интелектуалната сопственост и да ја третираат како капитал. Според досегашната работа на ДЗИС вредноста на интелектуалната сопственост и нејзиниот потенцијал за зголемување на вредноста на претпријатието и остварувањето на поголем профит честопати е потценета од страна на малите и средни претпријатија.

Нашите заложби како Државниот завод за индустриска сопственост се во насока на тоа дека независно дали станува збор за мали или средни претпријатија идејата од која произлегла дејноста треба да се заштити.

До нашиот завод патентираните идеи главно доаѓаат од граѓаните, а помалку од компаниите. Токму затоа фокусот на Државниот завод за индустриска сопственост е да се стимулираат и запознаат особено малите и средни претпријатија за бенефитите кои ги нуди заштитата на производите или идеите.

Државниот завод за индустриска сопственост и во иднина ќе ги подржува, поттикнува и помага сите оние кои сакаат да го заштитат својот производ или идеја. Воедно и продолжува да ја зајакнува меѓу институционалната соработка преку која ги заштитува правата на интелектуална сопственост.

Next Post
Фото: МИА

Полициски час да почнува од 21 часот

Shortcut

Најново

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

June 17, 2026

Филипче за Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место

June 17, 2026

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“

June 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk