ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска: Од Криволак создаваме полигон не само од македонска и регионална вредност, туку и вредност и шанса за Алијансата

April 26, 2021 12:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Можете да видите дека нашиот полигон Криволак е претворен во вистинско градилиште. Кога пред неколку години покажавме дека сме многу амбициозни во поглед на нашето членство во НАТО, многумина не беа такви оптимисти. Покажавме дека амбициозноста носи резултати. Меѓутоа истата амбициозност ја покажавме и за развојот на полигонот Криволак.

Ова го истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз ги посетија  припадниците на Армијата на Република Северна Македонија и на вооружените сили на САД, кои заеднички работат на изградба на нови содржини на полигонот „Криволак“, пред почетокот на меѓународната вежба, „Одлучен удар 21“, што  ќе се реализира во периодот од 17 мај до втори јуни на АП „Криволак“.

На вежбата предвидено е да учествуваат околу 2.000 припадници од армиите на САД, Грција, Бугарија и од Република Северна Македонија. До самото започнување на вежбата, ќе се реализираат повеќе инженериски активности, уредување на полигонот „Криволак“,  што ќе овозможи беспрекорно реализирање на вежбовните активности.

– Денеска можете да видите дека и оваа амбициозност носи резултати и дека навистина од Криволак создаваме полигон кој нема да има само македонска и регионална вредност, туку ќе биде вредност и шанса за Алијансата. Сето тоа ќе беше невозможно без нашите планови, нашата армија, се разбира и без поддршката на нашите сојузници. Денеска сиве овие конструкции се резултат на сојзуничката работа, на македонските војници и офицери и на американските инженерци. Денеска видовме колку е напредната работата во поглед на неколку капацитети на Криволак, што ќе го направат вистински НАТО ресурс, рече Шекеринска.

Таа информираше дека на полигонот за многу кус временски период е изградена полетно слетна писта за беспилотни летала.

– Денеска можевте да ги видите и изградбата на овие магацини што ќе служат како магацини за целата поддршка на вежбите оваа година и следни години, а ќе можете да ги видите и двете стрелишта за оклопни возила со подвижни и со неподвижни мети, соопшти Шекеринска, додавајќи оти сите овие капацитети што се градат за вежбата оваа година, ќе бидат ресурси и секоја следна вежба.

– Во моментиве додека дискутираме за развојот на Кирволак, размислуваме не само за вежбата оваа или следанта година, туку размислуваме долгорочно. Целта ни е овој ресурс да биде ресурс со којшто нашето членство во НАТО ќе покаже многу видливи резултати за сите сојузници и ќе донесе шанса и за локалната економија, ќе донесе шанса и за зголемување и засилување на нашиот имиџ кај најнов член на Алијансата. Од она што го чув и од американските и од нашите војници и офицери, навистина правиме нешто што ќе остави белег, додаде министерката Шекеринска.

Задоволство од посетата на Криволак изрази и амбасадорката Брнз.

– Јас сум навистина импресионирана од огромниот напредок што го постигнаа инженерците од АРМ на РСМ и од САД во последните два месеци од последната моја посета. Навистина сум возбудена што за помалку од еден  месец нашите војници заедно со војниците од СМ и од други важни членки на НАТО ќе вежбааат заедно  во рамки на една многу важна вежба на овој полигон, изјави Брнз.

Таа изрази благодарност до министерката Шекеринска што, како што рече, го препозна потенцијалот на овој плогион и заложбите да се развие овој полигон за АРМ на РСМ и за НАТО.

– Ми беше мило што имав можност да слушнам од нашите инженерци од САД многу пофални зборови за нивните колеги од АРМ на РСМ како тие заеднички работат и се надевам оваа работа и овој проект ќе продолжи да се развива и понатаму, нагласи амбасадорката Брнз.

извор: МИА

Next Post
Скриншот од објава на текст за пописот на Фронтлајн.мк

Мониторинг на пописот: Фронтлајн со најмногу информативни содржини за пописот чиј извор се релевантни институции

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk