ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пред утрешната седница на Влада, премиерот ќе има средба со инспекторите од Државниот пазарен инспекторат

April 26, 2021 15:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
ФОТО: МИА

ФОТО: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Стојко Пауновски беше писмено известен за сите детали и информации во врска со оправданоста и начинот на распределбата и за тоа дека не ја почитува законската обврска за преземање на дел од нераспоредените административни службеници. Нема никакви предрасуди во нашето постапување, се работи за ефикасност и хиерахиска поставеност во нашиот систем, изјави премиерот Зоран Заев и најави дека пред утрешната седница на Влада, ќе има средба со инспекторите, со цел да ги сослуша за нивната петиција против разрешување на Пауновски.

Премиерот рече дека нема никакви предрасуди во постапувањето и оти ќе ги слушнат сите аргументи, вклучително и на вработените во ДПИ.

–  Состанокот е да се слушнат нивните аргументи. Јасно ги знам прописите, правилата и етичкото постапување и јасно знам каде сака оваа Влада да стигне во својата поставеност, но секако не се сметаме за најпаметни и најинформирани. Сакаме да има ред и поредок и сакаме да се почитува законот – за распределба на овие вработени, за Влада и хиерархиската поставеност и етичкиот однос, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали на утрешната владина седница ќе биде разрешен директорот Пауновски.

Се работи за добар јавен службеник, рече Заев, но нагласи дека нема да дозволи инаетење со претпоставени и неспроведување на законите.

– Апсолутно нема да дозволам неовозможување на нормалното поставување на целиот владин систем во оваа многу значајна постапка, по едно децениско прашање. Верувајте има причина за ваквиот наратив и поставеност, а тоа е ефикасност и хиеархиска поставеност во нашиот систем, рече Заев.

Тој нагласи дека се работи за почитување на закон, согласно кој би требало да се изврши распределба на вработените од К-5 програмата.

– Јас сум еден од предлагачите, а Владата е таа што именува и разрешува функционери. Претседателот на Владата е со гласови еден или прв меѓу еднаквите во целиот владин состав, посочи Заев.

Премиерот појасни дека директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски е детално информиран за неговото непостапување и оти тој во април добил допис од Министерствата за политички системи и информатичко општество и администрација, но дека не побарал средба, не разговарал и не предложил начин на решавање на евентуалните предизвици.

– Сите институции имаа целосен и детален увид во планот за распределба кој содржи податоци за сите вработени кои треба да бидат преземени и распоредени, податоци за нивото на работното место, на тековното вработување, податоци за стекнатото образование, како и називот на институцијата во која се презема вработениот. Според планот, ДПИ треба да преземе 32 вработени од кои 29 на работно место помлад соработник и тројца на работно место помлад референт, изјави Заев.

Од увидот на образовниот профил на лицата кои се опфатени во планот за распределба, тој рече дека е утврдено дека 24 вработени кои треба да бидат преземени на работни места од категорија помлад соработник ги исполнуваат општите посебните услови односно условот, видот на образование да биде соодветен на описот на работното место.

– Ова значи дека овие лица може да бидат преземени како административни службеници. Членот 5 од Законот за преземање на административни службеници, вработени преку К-5 програмата во МПС и односи меѓу заедниците е донесен во декември 2020година. Утврдува истиот закон дека раководните лица во институциите се должни да ја започнат постапката за усогласување на актите за систематизација на работните места со одредбите од овој закон во рок до 30 дена од денот на усвојување на планот за преземање. Ова го прифатија 237 институции, рече Заев.

Со процесот на распределбата, Заев нагласи дека се решава децениски проблем и тоа го знаат сите, а преземањето на вработените нема финансиски импликации врз буџетот од причини што станува збор за вработени за кои веќе се обезбедени финансиски средства.

извор: МИА

Next Post

Маричиќ: За поздравување е изборот на нови јавни обвинители, Советот внимателно ги разгледувал апликациите

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk