„Тоа што го покажа ВМРО-ДПМНЕ со вчерашниот протест е фактот дека се на страната на криминалците. Тие лица, насилниците, пристигнаа во парламентот за да нападнат, имаше сериозно повредени, вршеа насилство врз пратениците и новинарите.
Вчера ВМРО-ДПМНЕ јавно призна дека е заштитник на криминалот. Дека сака да ги заштити и нивниот финансиер Јордан Камчев, како и Сашо Мијалков. Целта на протестот беше ВМРОДПМНЕ да покаже дека е се уште е заглавена во истата криминална матрица. Тотална безидејност владее кај опозицијата. Како тие денеска ќе го погледнат во очи пратеникот Зијадин Села, кој што беше претепан речиси до смрт.“- праша пратеникот на СДСМ, Миле Талески, во интервјуто за „Утрински брифинг“.