ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Електричните тротинети, законски, ќе треба да се движат како велосипеди

Се уредува и управувањето со тротинети во сообраќајот, што според министерот за внатрешни работи, ќе биде на ниво на велосипеди.

December 6, 2019 16:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за одбрана и безбедност денеска за понатамошно читање предложи измени и дополнувања на 14 закони, кои генерално како што појасни министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се усогласувања со законот за прекршоци освен кај измените на законот за безбедност во сообраќајот.


Со Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, како што кажа Спасовски се предвидува укинување на негативните поени за возачите, бидејќи се увидело дека тоа не биле ефикасно за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Се уредува и управувањето со тротинети во сообраќајот, што според министерот за внатрешни работи, ќе биде на ниво на велосипеди.

– Тука апсолутна немаше никаква регулација, каде да се движат, кои правила треба да ги исполнуваат. И тука ги имаме дефинирано услови за нивното учество во сообраќајот, каде може да се движат, брзината, возраста на лицето кое управува со нив, користење на заштитна опрема, употребата на светла…Практично тоа е на ниво на велосипеди, информираше Спасовски.

Исто така се предлага и зголемување на возрасната граница за управување со автомобил од 70 на 75 години и рокот на важење на сообраќајната дозвола до пет години.

Во однос на глобите тие се намалуваат, како што кажа Спасовски, согласно законот за прекршоци. Во однос на правните лица, сумата ќе биде во зависност од големината на компанијата или трговците.
Пратениците Фросина Ташевска Ременски и Самка Ибраимовски имаа свои забелешки за глобите.
Ременски смета дека не секогаш намалувањето на глобите за прекршоци во сферата на заштитата на човековите права, здравјето и безбедноста на граѓаните е добра политика.
 
– Секако казнената политика особено во делот на глобите се мака на граѓаните имајќи ги предвид дека и ние како политичари сме ги критикувале високите глоби, но треба да се земе предвид фактот дека високите глоби во сферата на безбедноста, тргувањето до опасни материи, во сферата на оружјето, на следењето на комуникации и во сферата на безбедноста во сообраќајот ги дала резултатите затоа што најчесто токму тие високи глоби била закана, предупредување за граѓаните како допир со таа материја, какви санкции им следуваат и каква глоба следува доколку сторат прекршоци, рече Ременски.
Next Post

Гевгелија: Три фирми од кои две казина оствариле поголем приход од сите останати заедно

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk