ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Намаленото производство на пролетна зелка во струмичко ги натера трговците да ги отажуваат нарачките

April 27, 2021 15:38
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако е крај на бербата во струмичко, откупната цена на пролетната зелка е 30 денари за килограм, а секојдевно расте побарувачката за неа. Трговците се во трка по килограм повеќе за да можат донекаде да ги испорачат договорените количини, но, се принудени и да ги откажуваат нарачките.

Според трговецот Блажо Витанов од компанијата „Империјал фруит“, се оствариле предупредувањата дека намалените површини засеани со пролетна зелка ќе предизвикаат зголемена побарувачка.

-Во моментов во државата да има две илјади тони пролетна зелка од пластеници без проблем ќе биде продадена. Но, едноставно ја нема. Според мене тоа се должи на многу фактори, но, пред се одлучувачко е стихијното производство. Во изминатите два дена откажав многу нарачки за извоз на пролетна зелка, вели Витанов.

Се надева дека нема да биде иста состојбата со краставицата и домататот, иако стравува дека намалените површини и под овие градинарски култури можат пред време да предизвикаат завршување на откупот.

Според земјоделците, неможноста да се одговори на зголемената побарувачка за пролетна зелка се должи на нефункционирањето на договорното производство, но и на лошите временски услови некарактеристични за овој период од годината.

-За да немаме такви ситуации производството да завршува кога најмногу се бара, потребно е пред почетокот на производствената сезона откупувачите да склучат договори со производителите врз основа на нивните договори со странските партнери и на тој начин земјоделецот да знае колку и за кого треба да произведе, вели Ристо Велков, од Сојуз на синидикат на земјоделци Струмица.

За разлика од годинава, кога откупната цена на пролетната зелка не падна под 20 денари за килограм, лани пласманот помина со многу проблеми и ниски цени.

Пролетната зелка од овој регион трговците претежно ја пласираат на западноевропските пазари, Србија, Хрватска, Романија и Украина.

Инаку, деновиве во струмичко краставицата се откупува за 50 денари за килограм, а откупната цена на доматите изнесува од 90 до 100 денари.

извор: MИА

Next Post

Кендал Џенер промовира црна кожа и рок-стил

НАЈНОВО

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

Во месецот на машкото здравје се прават бесплатни прегледи на пациентите на штипска Урологија

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk