ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Danke Deutschland!

Овој брз и позитивен развој на настаните во период од само една и пол година е пријатно изненадување дури и за најголемите оптимисти. Патолошките политички мазохисти и непријателите на македонската иднина ноќва се со подзинати усти. Наспроти сиот скептицизам, наспроти сите опструкции и негативна пропаганда за нашата земја, генерирана и од домашни и од странски антизападни политички и криминални структури – германската политика го препозна нашиот напредок и волја за европеизација на овој дел од Балканот. И ни даде ветар во грбот.

September 26, 2019 22:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Се случи и тоа! Сојузна Република Германија, со гласањето во парламентот (Бундестаг), за поддршка на почетокот на преговорите за членство на нашата земја во ЕУ, уште еднаш го покажа и го докажа своето пријателство и поддршката што ѝ ја дава на Северна Македонија од почетокот на нејзината самостојност и државност. На конкретен и ефективен начин, најмоќната европска држава, со чекор од седум милји, ја приближи нашата земја до портите на ЕУ, повеќе од кога и да е порано. И тоа, не како акт на попуштање или милостина, туку со комплименти и признанија за постигнувањата во исклучително тежок и деликатен период низ каков што поминуваме.

Овој брз и позитивен развој на настаните во период од само една и пол година е пријатно изненадување дури и за најголемите оптимисти. Патолошките политички мазохисти и непријателите на македонската иднина ноќва се со подзинати усти. Наспроти сиот скептицизам, наспроти сите опструкции и негативна пропаганда за нашата земја, генерирана и од домашни и од странски антизападни политички и криминални структури – германската политика го препозна нашиот напредок и волја за европеизација на овој дел од Балканот. И ни даде ветар во грбот.

„Северна Македонија создаде успешна приказна на Западен Балкан, особено во однос на зближување на регионот. Северна Македонија моментално нема проблеми со своите соседи. Северна Македонија направи голема разлика во историската димензија со Преспанскиот Договор. Тоа треба да претставува пример за целиот регион“ – рече, меѓу другото, амбасадорот Герберих на конференцијата на ЦИВИЛ за изборни реформи на 25 септември.

Германија препозна дека нашата земја чекори кон ЕУ посветено и решително. Ја даде својата поддршка со огромен број гласови. Најголемите парламентарни групи во германскиот парламент, ЦДУ/СЦУ и СДП, но и повеќето други парламентарни групи, вклучително и Зелените, гласаа за Северна Македонија да започне со преговори за членство во ЕУ.

„Овие напори треба да се засилат и да дадат опипливи резултати за секој граѓанин. И овие напори мора да ја вклучат реформата на изборниот систем. За таа цел, општеството – ова се однесува и на сите делови од вашето општество, вклучувајќи ги сите етникуми – мора да се обедини и сите тесно да работат заедно за да се надмине сé уште постоечката, а понекогаш и зголемена, поделеност на општеството“ – рече Амбасадорот на Сојузна Република Германија на отворањето на споменатата Конференција.

Од дипломатски извори во Брисел, неофицијално, се зборува дека во огромно мнозинство се земјите-членки што безусловно, следејќи го примерот на Германија, ја поддржуваат Северна Македонија во пресрет на октомвриската одлука за почеток на преговорите. Сигналите што ги упатува Германија во овој процес од самиот почеток имаат решавачка тежина и вредност. Одлуката на Бундестагот е доказ дека Германија верува во македонскиот напредок, што може да биде повеќе од одлучувачко во претстојните три недели до одлуката во Брисел.

На 18 октомври, Советот на Европската Унија ќе донесе конечна одлука за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Францускиот глас сѐ уште е тежок предизвик за нашата земја. Во Европа преовладува позитивниот тон во однос на Северна Македонија и повеќето европски лидери ја искажуваат својата голема поддршка за нашата земја. Со право може да се очекува дека Северна Македонија ќе го добие зеленото светло за започнување на преговорите.

Северна Македонија би требало да ги започне преговорите уште во јануари, доколку Советот на ЕУ даде согласност за тоа на 18 октомври. Оние земји што сѐ уште не одлучиле да дадат согласност за почеток на преговорите за членство на нашата земја во ЕУ, немаат повеќе ниедно оправдание за нивните опструкции и скептицизам. Нивното евентуално не, ќе биде со сосема поинакви мотиви, а не дека Северна Македонија не заслужува да му се придружи на големото европско семејство.

Овојпат, навистина е време за позитивни одлуки. Нема зошто да ни кажат не Франција и другите што покажуваат знаци на колебање. За успехот на нашата земја треба да бидеме задоволни од постигнатото до сега од наша страна, како држава и како општество, наспроти сета кампања што се води со години против македонските стратешки интереси.

Ова е прилика да се изрази голема и искрена благодарност – за препознавањето, признанието и поддршката од Берлин. Да се прослави признанието на македонските децениски стремежи, но и да се започне со тешка и напорна работа ВЕДНАШ(!) за докрај да се заслужи и забрза патот до членството во ЕУ. И во Европа да бидеме лидери, како што сега сме (повторно) лидери на Западен Балкан.

„Арбајтен!“ – што би рекол премиерот Зоран Заев, цитирајќи ја германската канцеларка Ангела Меркел.

А јас, како своевремено и Хрватите, гласно ќе извикам:

Danke Deutschland!

 


Сите права се задржани. Преземањето е возможно само со писмена дозвола од Редакцијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

May 11, 2025

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk