ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Герберих: Потребна е заедничка соработка за европска иднина

September 26, 2019 14:38
in ИЗБОРИ
амбасадорот Томас Герберих, од архива на ЦИВИЛ

амбасадорот Томас Герберих, од архива на ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Н.Е. Амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих, во своето воведно обраќање на Конференцијата за изборни реформи: Перспективите на македонски избори, изјави дека е крајно време нашето општество да се обедини и тесно да соработуваат сите етникуми со цел да се надминат поделеностите.

„Ви благодарам многу што ме поканивте на вашата конференција за изборни перспективи во Република Северна Македонија.

Би ја искористил оваа прилика да изразам искрена благодарност до ЦИВИЛ за сите активности и проекти што ги имаат досега спроведено.

Германија отсекогаш била доверлив партнер на вашата организација во однос на финансирањето на проекти, како и во однос на политичката поддршка. Би сакал да се заблагодарам на ЦИВИЛ за нивната неуморна работа и за сите напори.

Вашите проекти и конференции секогаш давале одличен придонес со години во насока на зближување на владините службеници и граѓанското општество да работат заедно за европска иднина и за промовирање на европски вредности во Северна Македонија.

Почитувани пријатели,

Утре (26/9/2019) германскиот парламент, Будестагот, ќе донесе одлука за гласањето за почеток на преговори за ЕУ членство на Северна Македонија и Албанија во Советот на ЕУ во октомври.

Јас сум секако оптимист дека одлуката ќе биде позитивна. А потоа сите ја чекаме одлуката на Советот на ЕУ, а јас останувам повеќе од оптимистичен дека ќе има јасна одлука за започнување разговори за пристапување на Северна Македонија во ЕУ.

И покрај сите тешкотии и недостатоци што сé уште постојат, Северна Македонија создаде успешна приказна на Западен Балкан, особено во однос на зближување на регионот. Северна Македонија моментално нема проблеми со своите соседи. Северна Македонија направи голема разлика во историската димензија со Преспанскиот Договор. Тоа треба да претставува пример за целиот регион.

Но, покрај успехот на надворешната политика, сега е битно понатаму да се продлабочи процесот на реформи и да се спроведат реформските закони претходно донесени од  Парламентот, вклучувајќи ги, исто така, гласовите на опозицијата.

Овие напори треба да се засилат и да дадат опипливи резултати за секој граѓанин. И овие напори мора да ја вклучат реформата на изборниот систем.

За таа цел, општеството – ова се однесува и на сите делови од вашето општество, вклучувајќи ги сите етникуми – мора да се обедини и сите тесно да работат заедно за да се надмине сé уште постоечката, а понекогаш и зголемена, поделеност на општеството. Тука би сакал да оддадам почит на улогата на претседателот Пендаровски, чие мото секогаш е дека е тој претседател за сите.

Конкретните теми за кои ќе зборувате денес на вашата конференција се исто така централни делови на процесот на ЕУ интеграција во облик на повеќестрана поддршка од тие институции, како и очекувања за напредок кон пристапувањето.

Како активна членка на ЕУ и близок сосед на овој регион, Германија сите овие прашања ги направи приоритет во својата надворешна и безбедносна политика. Фактот што самата канцеларка Меркел ги промовираше во рамките на посебната рамка на Берлинскиот процес, претставува јасен доказ за тоа.

Поддржувањето напори како оваа конференција е конзистентно со пошироката посветеност на Германија кон регионот и кон европското партнерство. Ве охрабрувам сите максимално да ги искористите можностите и предизвиците во ова критично време што следува а и понатаму.

Дами и господа,

Не сакам да навлегувам во детали за реформата на изборниот систем – знам за дискусиите за менување на постоечкиот изборен модел, кој се базира на поделба на земјата во шест единици – за ова со нетрпение го очекувам вашето мислење и добиените заклучоци од вашата конференција и на сите ви посакувам пријатен и забавен ден“, изјави амбасадорот Герберих.

извор ЦИВИЛ

Next Post

Премиерот Зоран Заев и сопругата Зорица, на прием кај претседателот Трамп

Discussion about this post

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив, Крушево

Дневен хороскоп со Анаис за 2 јуни 2026: Дисциплина во чекорите и прагматични решенија

June 1, 2026
Фото: Охрид „СОС“

Куќата во Охрид изградена 1927 година се руши, надлежните си ја префрлаат одговорноста

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди директен настап на Светското првенство во МТБ Маратон

June 1, 2026
Кој е Арне Слот менаџерот што ќе го наследи Клоп во Ливерпул?

Емотивно проштално писмо на Арне Слот до навивачите: Промената е дел од фудбалот, Ливерпул ќе продолжи да ве прави горди

June 1, 2026

Филипче: Мицкоски и неговата банда се грижат за себе, младите ја плаќаат цената

June 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  •  „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk