ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средба на претседателот Пендаровски со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

April 28, 2021 15:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Брисел, денеска оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

На средбата беше дискутирано за соработката меѓу Република Северна Македонија и НАТО Алијансата, за актуелните регионални и безбедносни прашања, за надворешно-политичките приоритети на земјава и за можностите за продлабочување на соработката во справување со последиците од глобалната пандемија на Ковид-19.

Претседателот Пендаровски во разговорот со Генералниот секретар, Столтенберг, ја реафирмираше подготвеноста и посветеноста на Република Северна Македонија во промовирање на мирот и стабилноста, истакнувајќи дека земјава и во иднина активно ќе придонесува во меѓународните мировни мисии предводени од НАТО во регионот и пошироко.

– Ова е моја прва посета на НАТО како Претседател на Република Северна Македонија. Неодамна, на 27 март, ја одбележавме првата годишнина од нашето членство во НАТО. Ни требаа многу години, донесовме многу тешки одлуки, но бевме упорни во остварувањето на нашата стратешка цел. Веруваме дека членството во НАТО е многу важно за одржување на безбедноста и стабилноста како предуслов за просперитет и зајакнување на демократските институции, рече Претседателот во своето обраќање.

Нашето членство се совпадна со избувнувањето на пандемијата и во почетните месеци на оваа глобална криза, македонските граѓани ја искусија важноста на солидарноста во НАТО, бидејќи добивме вредна поддршка од земјите-членки, како и од самата организација. Би сакал да ја искористам оваа можност и, во име на нашиот народ, уште еднаш да изразам благодарност за оваа многу потребна помош, пружена во многу тежок период за сите нас.

Пандемијата, се разбира, е само еден од предизвиците на хоризонтот. Како членка на НАТО, активно ќе учествуваме во справувањето со традиционалните и новите закани. А тоа ние ќе го сториме на најмалку три начини.

Прво, со инвестирање во одбраната. Нашиот сегашен буџет за одбрана е на 1,57% од БДП. Ние сме посветени на постигнување на прагот од 2% до 2024 година, во рамките на кој веќе одвојуваме 20% од буџетот за модернизација на нашата армија, во согласност со сите стандарди на НАТО.

Второ, со продолжување на реформите во одбраната. Членството во НАТО ни помага да ја зајакнеме отпорноста на нашиот безбедносен систем, особено кога станува збор за предизвици наметнати од трети страни. Бидејќи сме мета на хибридни закани во последните неколку години и се наоѓаме во кревка област каде што сè уште има отворени прашања, соработката со разузнавачките и безбедносните структури на НАТО е од најголема важност за Северна Македонија.

Трето, со заедничко извезување на безбедност преку операции предводени од НАТО. Години пред да станеме членка, дел сме од мисијата на НАТО во Авганистан, а неодамна станавме земја која распореди свои сили во КФОР. Ја поздравуваме одлуката да се започне со повлекување на мисијата „Решителна поддршка“ на НАТО до 1 мај. Сепак, нашата намера е да останеме вклучени во сите мисии предводени од НАТО денес и во иднина.

Претстојниот самит на НАТО ќе биде добра прилика да се разговара за новите предизвици, но исто така и за зајакнување на транс-атлантското партнерство што, без сомнение, ќе има позитивно влијание врз стабилноста на Западен Балкан.

За време на нашата средба со Генералниот секретар, разменивме мислења за сите овие теми, но исто така и за тековната иницијатива НАТО 2030 која има за цел да ја направи силната Алијанса уште посилна, додава Претседателот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Спасовски откри информации за операцијата Алка и Дивиот ангел

НАЈНОВО

Бајден и Клинтон го пофалија Трамп за мировниот договор во Газа

October 14, 2025

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа

October 14, 2025

Шукова: Старата скопска чаршија мора да биде срцето на современо, зелено и европско Скопје

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спалети го состави својот ол-стар тим од најдобрите играчи што ги тренирал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk