ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата предложи закон со кој трансродовите лица ќе можат да го променат полот во лична карта

April 28, 2021 22:18
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На предлог на Министерството за правда на вчерашната седница е утврден Предлог-законот за изменување на Законот за матична евиденција со кој ќе се овозможи признавање на родовиот идентитет на трансродовите лица согласно позитивното меѓународно законодавство и почитувањето на сите човекови права.

„Пол се однесува на физичките карактеристики на поединецот (репродуктивен систем, хромозоми, хормони) според кои се назначува полот. Родов идентитет се однесува на внатрешното и индивидуално доживување за род на секое лице, кое може или не кореспондира со полот кој што е одреден со раѓање, вклучително личното чувство за телото и други манифестации на родот, вклучително име, облека, говор и манири“, стои во текстот на предложените измени.

Како што наведува министерството за правда, меѓународните стандарди за човекови права го признаваат правото на лицето на родов идентитет (gender identity). Почитувањето на родовиот идентитет вклучително и право на правно признавање од страна на државата е дел од правото на приватен живот, кое што се гарантира со Уставот на Република Северна Македонија и меѓународните конвенции за човекови права.

„Правното признавање на родот е процес во кој поединецот може да ја промени ознаката за пол во матичната евиденција и на тој начин државата да го признае неговиот вистински род. Правото на транс луѓето да добијат документи кои ќе го рефлектираат нивниот родов идентитет е клучно за тие да можат да функционираат соодветно во општеството и да бидат заштитени од низа повреди на човековите права, вклучувајќи ја дискриминацијата при вработувањето, физичките и вербалните напади, како и ограничувањето во склучувањето на брак и пристапот до добра и услуги“.

Меѓудругото, во документот се истакнува дека во законодавството на Република Северна Македонија не постои правна рамка за правно признавање на родот и дека Северна Македонија е една од десетте земји во Советот на Европа каде правното признавање на родот не е достапно (покрај Албанија, Андора, Ерменија, Кипар, Грузија, Лихтенштајн, Монако, Сан Марино и Србија).

Подготовката на законски измени започна во февруари 2019 година, откако во јануари истата година Европскиот суд за човекови права пресуди дека на лицето X било повредено правото на приватност и правото на ефикасен правен лек во текот на процедурите за промена на полот во Македонија. Според одлуката, државата треба да му исплати обештетување од 9.000 евра на ова трансродово лице.

Поради недостиг на јасно утврдена законска постапка, трансродовите луѓе ги користат постојните закони за делумно усогласување на податоците во документите за идентификација со својот родов идентитет. Законот за лично име им овозможува на трансродовите луѓе да го променат своето име ако тие ги исполнуваат условите што се применуваат за сите граѓани, без исклучоци за трансродовите луѓе.

Секој граѓанин на Република Северна Македонија кој има наполнето 18 години, деловно способен и кој не е во брак има право на правно признавање на родот во постапка уредена со овој закон. Во постапката за правно признавање на родот секое лице од став 1 на овој член може да ја промени ознаката за пол во матичната евиденција и на тој начин се признава родовиот идентитет, а правното признавање на родот ќе биде признато во сите области.

 

 

Извор: слободенпечат.мк

 

Next Post
Фото: МО

Промоција на нови 55 подофицери, втора група од вкупно 120 за годинава

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk