пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Пред седум-осум години „Темплум“ ја објави збирката колумни под наслов „Како бевме систематски уништувани од идиоти“.
Можам нескромно да кажам дека тоа е ретко добро издание.
Дистанцата ми овозможува да имам пореален поглед врз тој ракопис, а некои случки од времето на појавата на „Скакулците“ ја потврдија мојата теза и за тие животинки и за обидот да бидеме уништени.
Џабир Мемеди Дерала беше љубезен да ми ја препрати смртната пресуда на Советот за етика во медиумите на Македонија за колумната „Флека на екранот“, објавена на неговиот портал „Фронтлајн“, а потпишана од мојата скромност, Бранко, демек, Тричковски.
Се усрав кога ги видов педевеата со светлосини апликации на грбот на оваа друштво.
Како да доаѓаа од централата на Илуминатите од 1678 година.
Лангдом, кај си, професоре?!
Така си реков пред да отидам да се замијам на кацата што ја користам како биде.
Неколку мали савонароли умислиле дека можат да си играат инквизиција потпирајќи се на печатот на парадната институција на бесмислата, и донеле пресуда во која велат дека интернет порталот „Фронтлајн“ со текстот насловен „Флека на екранот“ го прекршил Кодексот на новинарите во членовите 15 и 16.
Уф, јеботе, који су то чланови!?
Бидејќи јас сум автор на инкриминираниот текст, си земав слобода и право да изнесам неколку забелешки на оваа бедастоќа од пресуда, од инстанца, од еснаф и од моралност.
Еве го мојот осврт на говњарскиот ораториум на телото што се викаат СЕММ.
Звучи како лого на некој тениски или голф турнир но, уствари, е кибла, узирпирана општосерница во концентрациониот логор ЗНМ Тупхаузен.
Под дебелите кадифени наметки со жолта срма, во крстови и полумесечини, со перики од виткана коса, и големи фалусоидни вибратори како симбол на друштвото, Мирче Адамчевски, Теофил Блажевски, Мери Јордановска, Сефер Тахири, Лилјана Пецова Илиевска и Ердем Ахмет, рекле:
Хмммм, овој Човекккккк, јеееее, овој човекккк, е опасен, овој човек шири омраза лаги и клеветиииии, овој човек и овој порталллллллл,, мора да го папааттттт…
Член 15 на кој се повикуваат савонаролите гласи: „Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспоиво со новинарската етика е непримерената комуникација со јавноста“.
Супер!
Моето прашање е: која е и како се утврдува и кој ја утврдува „културата на говорот и етиката“!?
Кој и како!?
Како е утврдена конкретната „култура на говорот и етиката“ кои се нарушени во текстот насловен „Флека на екранот“!?
Не ме интресираат импресиите, стереотипите, малограѓанштината на бедните по дух кои решавале за оваа прашање, ме интересираат нормативите врз основа на кои е решавано, членови, алинеи, пасуси, пракси… култура, пред сѐ.
Да се разбереме, јас исто така сметам дека во јавната дебата секоја будала не може да каже сѐ што ќе му текне, но прашањето на стандардот е многу сложено културолошко прашање, тоа не е тема со која можат да се занимаваат Теофил и Мирче, во некаква инсталација која се вика Совет за етика, па која уште има и Извршна канцеларија. Пијте си го кафето, ако не ви е срам, земајте си ги патните и дневните или стајните хонорари и плати и ослободете се од помислата дека ќе бидете или дека сте врвна морална инстанца на новинарството кое, бај д уеј, не постои. Мртво е со години. Вие сте крст над неговиот гроб. Или полумесечина, сеедно.
Освен тоа, Тричковски не е новинар, не е член на ЗНМ, не го признава тоа тело кое е поружно од моето тело кога ќе го видам во огледало, тоа е особено тежок фаул кога бесмислената институција се занимава со непостоечки предмет. Според истите критериуми би можеле да му пресудат и на Доналд Трамп, на Макрон или на Орце Камчев!
Одиме понатаму.
Член 16: Новинарот ќе го чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различностите на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.
Па како можат во една реченица да се наведат повеќе бесмислености!?
И уште повеќе, како побесмислено можат овие бесмислености да се применат во пракса!?
Одиме по ред: Прво, јас не сум новинар, ниту формално, ниту суштински, второ и да сум новинар зошто јас би бил должен да ги чувам угледот и достоинството на професијата надвор од моето лично работење и трето зошто мојот медиум да не го употребувам за пресметка со личности, вклучително со свои колеги? Па тоа е мојата основана задача како интелектуалец кој фатил да се занимава со општите работи. Да се пресметувам со личности, не со приватности, со личности кои учетствуваат во јавниот процес.
Советот ги наведува и инкриминираните делови од текстот:
„Тие се главата на к…т со која патуваме во светлата иднина“
„Владе ми е као с…..р кој со напнатоста го урива ќенефот во кој с…е“
„…светот ги гледа станарите без дневните шминки и манири како с..т се е…т ж…т, децата ги крадат родителите родителите ги крадат децата, човек од страна не може да види за кој к…ц се уште се на куп“.
Разбравте ли вие нешто од оваа прочистена проза.
Знам дека не сте и затоа јас ќе ви го повторам оригиналниот текст со ограда дека тоа е сепак парче од една уметничка целина:
“Во сите овие алтернативи посебно или во сите заедно, можеме да ја препознаеме драмата на македонската општествена и национална конституција како крајно неконсолидирана и во многу што лажна, професурата, академизмот, естрадата, журнализмот, политиката, сѐ се тоа парчиња на манифестацијата во која куќата ненадејно останува без ѕидови и светот ги гледа станарите без дневните шминки и манири, како серат, се ебат, ждерат, децата ги крадат родителите, родителите децата, човек од страна не може да види за кој курац сите се сѐ уште на куп.
И уште:
Владе ми е како сератор кој со напнатоста го урива полскиот ќенеф во кој сере.
И на крај:
Тие се главата на курот со кој патуваме во светлата иднина.
Што ви е понеприродно, поизнасилено, понекултурно, попросто, ова што јас го повторувам тука или етидата со точките.
Конечно, жалбата ја поднел Бранко Кикифрики Геровски. Тоа е како Џејма Џејмисон да му се пожалила на Сефер Тахири за повреда на невиноста или така некако.
Макар што јас не би сакал да ме споредуваат со (не)дупнат химен, хахаха, го одбивам со инднигнација ова срање на моралната инквизиција!