ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Одбивам да се покорам на токсичниот позитивизам – Сакам да чувствувам сѐ!

April 29, 2021 11:19
in ZOOM IN, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БИЛЈАНА АРСОВСКА

Звучи парадоксално, но прифаќање на нашите негативни емоции може всушност да нѐ направи посреќни на долг рок. Колку пати ви дошло да му кажете на некој кој загрижено ве теши со “Мисли позитивно, сѐ ќе биде супер“ фрази да оди по ѓаволите (и сите сочни пцовки што ви паѓаат на ум)?! Ама, затоа што знаете дека тие го сакаат само најдоброто за вас, премолчувате и им се заблагодарувате.

Ајде да се соочиме со фактот дека понекогаш “Фокусирај се на позитивната страна“ едноставно не допира до нас и сѐ што слушаме во позадина е „бла,бла, бла“. Ова доаѓа од оптимист до коска. Постои еден концепт кој што – кој ако не – Американците, го нарекле токсичен позитивизам. Дефиницијата би била прекумерна и неефикасна генерализација на среќна, оптимистичка состојба низ сите ситуации со коишто се соочуваме. Процесот на токсична позитивност резултира со негирање, минимализирање и поништување на автентичното човечко емоционално искуство.

Ќе ви дадам пример. Моето прво сериозно љубовно разочарување се случи кога бев втора година на факултет. Работата со студирањето во странство е што од успехот на испитната сесија зависи и тоа дали ќе ја задржиш дозволата за престој и дали сите напори, жртви и дополнителни саати студентска работа ќе бидат за џабе. Со тогашното момче со коешто бевме во врска на далечина прекинавме за време на викендот, а наредната недела ме чекаа 5 испити од кои зависеше дали ќе останам да студирам во Словенија, или не. Првата помисла тој ден ми беше: “Немам време за ова. Немам време да бидам тажна.“ Тогаш, си ги ставив емоциите на пауза и продолжив да се подготвувам за претстојните испити. Како и сѐ друго, помина и таа испитна недела. Резултатите беа одлични и можев конечно да ги реактивирам моите чувства. Да ја почувствувам тагата што ја заклучив во чекална. Ама, наместо да го направам тоа, најдов друг изговор за да го одложам чувствувањето. Почнав да работам две работи за кои изговорот ми беше дека ќе заштедам доволно за летниот одмор. Помина доста време и бев сигурна дека сум добро и дека открив нов механизам за соочување со емоционални проблеми – игнорирање на истите. Сѐ одеше според планот сѐ дури еден ден, дури трчав на патеката во близина на мојата зграда, не се разминав со човек којшто имаше парфем како моето поранешно момче. (прилично сум убедена дека се имаше полевано со парфемот. Марфи е геј.) Јас имам некоја чудна деформација кога станува збор за одбирање на прав тајминг, ама овојпат стварно ја оплескав – почнав да плачам на патеката од нигде никаде. Замислете, насмеана девојка си трча во паркот, и наеднаш застанува и почнува да плаче на цел глас. Ужас. Тој ден на поскапиот начин научив дека единствениот начин да го преминеш морето на тага, е да го препливаш.

Очигледно е дека коренот на овој проблем е токсичната позитивност. На сите социјални мрежи, секој самопрогласен маркетинг, фитнес, здрав лајфстајл ‘гуру’ споделува совети како што се: разбуди се во 5 наутро, вежбај, биди фит, испиј го сокот од целер, медитирај, стреми се да бидеш најдобрата верзија од себе, крени ја главата горе, биди силен. No pain, no gain, без изговори!!! Во меѓувреме, една од главните идеологии коишто кружат на ТикТок и Инстаграм се оние за ‘Манифестација’ коешто е верување дека ако се фокусираш доволно на нешто, истото ќе се оствари. Оваа теорија е толку позната, што ако напишете #manifestation на Инстаграм, ќе добиете 4.8 милиони резултати од слики со цитати кои велат ‘Верувај дека ќе се случат добри работи и така и ќе биде’.

Во културата што ја слави позитивноста, прекумерната генерализација на „мисли позитивно“ за сите ситуации може да биде штетна бидејќи го негира целосното човечко искуство. Во ред е да имаме денови кога се чувствуваме ужасно. Во ред е да си го приготвиме омиленото јадење, и да си седнеме на вечера со нашата тага. Во ред е да се исплачеме.

Сѐ што вреди во животот сме го добиле преку соочување со препреки и надминување на некои неизбежни негативни искуства. Секој обид да се избегне негативното, да го уништиме или заклучиме во чекална, порано или подоцна ќе ни се врати како бумеранг во лице. Избегнувањето на страдање е исто така една форма на страдање. Негирањето на неуспех е исто така една форма на неуспех.

Затоа, ако се чувствувате лошо затоа што се чувствувате лошо, ве охрабрувам да ја рефрамирате вашата перцепција на позитивноста. Немојте да ме сфатите погрешно, во никој случај не ја негирам важноста од поседување на позитивна мисла. (Ако сте прочитале некоја од моите претходни колумни, ќе знаете дека јас сум секогаш ЗА да се побара можност во секоја неволја и притоа да се извлече најдоброто) Вистината е дека понекогаш, тоа што нѝ треба да го слушнеме е: “Твоите чувства се вистински и ова што ти се случува е тешко, ајде да зборуваме за тоа“.


Текстот е личен став на Авторката. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

CLOUD experiment. Picture of the ALICE detector (image: CERN)

Научници за прв пат претворија олово во злато

May 14, 2025

Мицкоски за утрешната посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени

May 14, 2025

Утре и во петок обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на повисоките планини снег

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk