ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Лукаревска во „Утрински брифинг“: Ќе се контролира и онлајн трговијата од каде се провлекува сивата економија

April 29, 2021 13:06
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Падот на приходите кај различни целни групи како што е ивент индустријата и угостителите си го направи своето и вклучени се во шестиот пакет, бидејќи имаат пад на приходите. Сите оние критериуми кои беа направени од економскиот тим на владата за да им се помогне на овие целни групи се согласно сите оние податоци кои ги имаат достаувано преку завршните сметки, даночните биланси…така што сите неточни податоци не им одат во прилог, изјави во Утрински брифинг директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

 

Како што ги видовме критериумите, за мерките за ивент индустријата, треба да им издадеме уверение за платени даноци и продонеси, да немаат никави долгови кон УЈП и врз основа на тоа добиено уверение да аплицираат за мерките. Генерално кај сите компании кои ја користат финансиската поддршка има изрично наведени критериуми по кој што може да аплицираат. Кога било кој од тие критериуми не се исполнети во тој случај и самиот систем ги отфрла при самото поднесување на барањето, додава Лукаревска.

Кога работодавачот аплицира за финансиската поддршка уште при првиот пакет, заедно со Светската Банка покрај критериуми кои беа во закон наведени имаше и некои други кои требаше да се пополнат преку соодветен прашалник. Врз основа на тоа секој работавач потпиша изјава дека под морална, кривична и материјална одговорност гарантира за податоците кои ги има доставено во барањето. Сè она што го утврдивме како манипулација ние во нашиот дел постапивме, од друга страна спроведовме контроли заедно со ДИТ, од друга страна направивме и јавна објава – ги ставивме на „ѕидот на срамот“ и доставивме податоци за поднесување на кривична одговорност преку ОЈО, вели Лукаревска.

Во шестиот пакет ние немаме конкретна мерка на која што сме носители, освен дополнителните податоци кои треба да ги дадеме во делот на анализа и давање на уверенијата.

Сивата економија не ја гледаме само преку фискалните сметки, неа ја гледаме и преку даночните затајувања. Секој пат кога некој обврзник смета дека може да го изигра законот ние го согледуваме. Треба да работиме заеднички за и обврзниците и даночнитците системски, заедно да го намалиме процентот на сивата економија. Отвораме нови типови на контроли, посебно преку онлајн трговија од каде што исто така се влече сивата економија.

 

Next Post
Архивска фотографија од герила акција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, 2020 г.

Стои ли ВМРО-ДПМНЕ зад организацијата на бојкотот на учениците?

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk