ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Се обновува патот Маврови Анови-Жировница, инвестиција од 6,18 милиони евра

April 29, 2021 13:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжија работите на целосна рехабилитиација на делница од регионалниот пат Маврови Анови-Дебар. Инвестицијата е вредна 6,18 милиони евра и претставува највреден инфраструктурен зафат во општината Маврово Ростуше.

Увид во работите на делницата Маврови Анови-Жировница во должина од 18,46 километри направија министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП Државни патишта, Ејуп Рустеми.

Министерот Бочаврачски ги истакна заложбите на Владата за решавање на потребите на жителите од мавровско-реканскиот крај и за равој на туризмот во Мавровскиот регион.

– Маврово, но и Реканскиот дел е многу значаен регион каде е потребно да го развивме туризмот од сите аспекти но истовремено и да ги подобриме условите за живот на граѓаните. Нашите залагања и примарен фокус е да обезбедиме подобри услови во патната инфраструктура, исто така и во делот на комуналната инфраструктура, она за што сме надлежни се со цел да го подигнеме нивото на услуги што ги нуди регионот, рече Бочварски.

Трасата на оваа делница е продолжение на веќе рехабилитираната делница Бунец–Маврови Анови која како проект ја реазлизира ЈП државни патишта.

– Предвидено е да се изведат повеќе градежни зафати, како што се еднослојна и двослојна надградба на сегменти од трасата каде што површинските оштетувања се поизразени. Нова коловозна конструкција на делови од трасата каде што коловозот е во лоша состојба, доградба и изведба на нови потпорни ѕидови. Со овој зафат предвидена е и санација на 8 мостови и други работи со кои ќе се подобри безбедноста на делницата, рече директорот Рустеми,

Тој изрази задоволство од текот на работите и очекува изведувачот на работите JV “ISA 2000 – PELAGONIJA”, од Гостивар квалитетно и навремено да ја заврши доверената работа.

Министерот Бочварски по посетата потенцираше дека на територијата на општина Маврово Ростуше се завршени значајни инфраструктрни проекти како целосна рехабилитација на патот до Стража и понатаму до Кичево, дел од патот од Маврови Анови до село Маврово, реконструкција на патот од Маврово до Никифорово, а моментно се работи на патот до Жировница.

– Исто така активно се работи и на проектирањет за изградбата на новиот автопат од Гостивар до Кичево, а веќе информиравме дека потпишавме Меморандум за изградба на патниот Коридор 8 токму овој дел како проект од стратешки интерес за државата, нагласи Бочварски.

извор: МИА

Next Post

Филипче: Институтот за белодробни заболувања доби поддршка со опрема за третман на пациентите и доопремување на мобилната клиника

НАЈНОВО

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

Собранието на Косово не го избра Курти за премиер, се поверојатни нови избори

October 26, 2025
Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Брвеница: Ние како Влада со ист критериум инвестиравме во сите општини, така се гради соживот

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

Plugin Install : Popular Post Widget need JNews - View Counter to be installed

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk