ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Политика: ЕУ оствари бод предност пред Кина со нудењето 700 милиони евра за брзата пруга од Белград до Ниш

April 29, 2021 14:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По најавата од Брисел на претседателот Александар Вучиќ за градба на брзата пруга од Белград до Северна Македонија, која ќе биде финасирана од ЕУ преку бесповратни средства од 700 милиони евра, српските медиуми и аналитичари деновиве пишуваат за овој проект за кој Вучиќ кажа дека е „една од најважните работи што ќе ги постигне за време на неговиот мандат“, јави дописникот на МИА од Белград.

Белградска Политика оцени дека ЕУ остварила бод предност пред Кина со нудењето 700 милиони евра неповратни пари за финансирање на реновирањето и изградбата на брзата пруга од Белград до Ниш.

-Со пониската цена, таа стана поконкурентна и ги исфрли Кинезите кои веќе влегоа во овој бизнис. Остана уште еден играч, американскиот ДФЦ, кој најави дека ќе учествува во финансирањето на делот од железничката пруга од Ниш кон Северна Македонија, што беше договорено со Вашингтонскиот договор, пишува Политика.

Во анализата се наведува да не треба да се заборави дека железничкиот проект помеѓу Белград и Ниш од 240 километри, е меѓу клучните иницијативи препознати како дел од Економско-инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан, кој предвидува девет милијарди евра неповратни пари. ЕУ учествуваше во финансирањето на изработката на проектната документација за оваа железница, за брзини од 160 километри на час, а ЕБОР и ЕИБ беа заинтересирани да ја финансираат.

-Очигледно, ние добро се справивме со интересот на Кина, Америка и Европа во меѓународна политичка смисла и ги охрабривме сите учесници да ја подобрат понудата, изјави Слободан Аќимовиќ, професор на Економски факултет во Белград.

Љубодраг Савиќ, професор на истиот факултет, оцени дека овде станува збор за геополитичка работа.

-Не знаеме дали тоа е на ниво на изјава или сериозна намера на ЕУ. Ова нема многу врска со Србија. Тоа е геополитичка работа што се случува во Србија, каде што Европа повеќе не може со скрстени раце и затворени очи мирно да ја гледа кинеската офанзива на Балканот, нагласува Савиќ.

Тој смета дека не треба да има преклопувања на работите на делот од пругата помеѓу Ниш и Прешево, туку дека тоа е договор меѓу Европа и Америка.

-Кога беше потпишан Вашингтонскиот договор, Трамп беше на власт и немаше најдобра комуникација и координација меѓу Брисел и Вашингтон. Со доаѓањето на Бајден на власт, Брисел ги координира своите активности со Вашингтон. ЕУ досега го спроведуваше ова на отворен начин и не очекувам овој процес да биде нетранспарентен во однос на тендерските постапки. Сепак, ова е само начелен договор и треба да бидеме трпеливи кога станува збор за условите под кои ќе се финансира, кој ќе гради, кога ќе бидат објавени тендерите и слично, оцени Страхиња Суботиќ, програмски менаџер во Центарот за Европска политика.

За порталот еКапија денес потврдија од Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура дека „идната пруга од Белград до Северна Македонија, очигледно, нема да вклучува изградба на целосно нова траса до Велика Плана, како што беше претходно планирано, туку пругите преку Младеновац ќе се удвојат.“

-Техничката студија предвидува употреба на постојната железничка рута и најголем број станици би останале на постојните локации, изјавија од ова министерство и додаваат дека пругите низ Младеновац ќе бидат дуплирани.

Варијантата 4, која ја најави Вучиќ предвидува неколку опции во врска со максимално дозволената брзина на движењето на возовите, кажаа од ресорното министерство.

-Варијантата 4 предвидува реализација на брзина на возот до 200 км /ч на линијата од Белград до Ниш, со исклучок на делови од пругата за која се проценува дека проектната брзина би довело до значително зголемување на инвестициите, главно поради локалните ограничувања-железничките станици во градовите, а најголемиот број станици би останале на постојните локации, посочуваат од министрството за градежништво, транспорт и инфраструктура.

Next Post

Хотелите на охридското крајбрежје речиси празни за велигденските празници

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk