ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Онлајн-панел дискусија на тема „Од поставувач до следач на правила? Променетата улога на Кина на глобален план и импликациите за Западен Балкан“

April 29, 2021 14:40
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
ФОТО: МИА

ФОТО: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Фондацијата Конард Аденауер во соработка со здружението ЕСТИМ организираше онлајн панел дискусија на тема „Од поставувач до следач на правила? Променетата улога на Кина на глобален план и импликациите на Западен Балкан“.

На дискусијата беа истакнати дилемите со кои земјите од Западен Балкан се соочуваат во контекст на зголемените тензии меѓу ЕУ и Кина, како и за потенцијалните придобивки и ризици во соработката со Кина, особено во контекст на евроинтегративниот процес на земјите од регионот.

Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер во земјата, кој го отвори настанот, говореше за кинескиот глобален подем, можностите што ги отвора на економски план, но и ризиците што ги поставува за демократските либерални општества и ја истакна важноста од поттикнување и одржување на јавна дебата по овие прашања.

На настанот присуствуваше и Давид Меркле, координатор за Кина во Одделот за европска и меѓународна соработка на Фондација Конрад Аденауер, Берлин, кој зборуваше за актуелните глобални прашања каде Кина е незаобиколлив чинител, безбедносните ризици поврзани со кинеското воено јакнење и потенцијалните закани по светскиот поредок заснован на правила.

Ана Крстиновска, претседателка на ЕСТИМА – Здружение за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности, која се насочи кон актуелната соработка на земјите од Западен Балкан со Кина во контекст на платформата 17+1 и на билатерална основа, клучните причини за релативно слабите резултати од економската сорабтка и начините за максимизирање на позитивните придобивки и отстранување на негативните влијанија врз евроинтегративните аспирации на регионот

Игор Новаковиќ од  Центар за интернационални работи и безбедност – ISAC Fund, Белград,  ги пренесе искуствата на неговата организација во оценка на усогласеноста на државите од Западен Балкан со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и согледувањата во однос на отстапувањата, а се осврна и на српската политика кон Кина како држава со најблиски односи и најинтензивна соработка во регионот.

Модератор и воведничар на настанот беше Зоран Нечев, раководител на Центарот на ЕУ интеграции при Институтот за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје.

На настанот беше претставена и дискутирана стручна анализа на оваа тема, изработена од страна на Ана Крстиновска, која има за цел да придонесе за посуптилно разбирање на присуството на Кина во земјите од Западен Балкан и да даде препораки за креаторите на политики во регионот и во ЕУ.

извор: МИА

Next Post

Темистоклеус: Во текот на летото колективен имунитет во Грција

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk