ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МОН до ВМРО-ДПМНЕ: Нови и модерни учебници ќе има, но не и провизии за печатење како во времето на ВМРО-ДПМНЕ

April 29, 2021 15:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Добро е што ВМРО-ДПМНЕ конечно признава дека ја поддржува дигитализацијата и не треба да се грижи дали МОН нема капацитети истата да ја спроведе. Подготовката на новата програма, материјалите и како и сите потребни капацитети се одвиваат со потребната динамика и сé ќе биде подготвено за почетокот на следната учебна година.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ барајќи целосно нови печатени учебници и понатаму се обидува да ги заштити милионските ексклузивни договори со одредена група издавачи, наспроти квалитетните и модерни материјали кои што ги нуди новото законско решение и е во најдобар интерес на учениците. Нови, современи и достапни за секого учебници ќе има, а дигитализирањето на дидактичките материјали ќе значи само унапредување на наставата и осовремeнување на начинот на учење, овозможувајќи им на новите генерации квалитетно образование.

 

Во интерес на објективно и точно информирање на граѓаните, родителите, учениците и наставниците известуваме дека  новото законско решение предвидува комбиниран модел на примена на учебници и други наставни и дидактички материјали. Ниту еден ученик нема да биде исклучен од наставата, а учениците од прво до трето одделение ќе добиваат печатени учебници, додека за учениците од четврто и погорните одделенија приоритетна опција се дигиталните учебници и условите за употреба на истите ќе му бидат овозможени секому. Она што ќе го нема, се милионските тендери за печатење на учебници од кои дебело со години се офајдуваше ВМРО-ДПМНЕ.

Со новиот закон за првпат е обезбеден пристап до учебниците кои ученикот треба да ги користи. Па така, за учениците кои се од социјално загрозени семејства и немаат уреди за учење од дигиталните учебници, како и за учениците кои поради попреченост имаат потреба од уреди и/или помошна технологија, училиштето е должно да обезбеди услови за секој ученик да има пристап до употреба на учебник. За прв пат, се обезбедуваат и учебници во аудио формат, а воедно се печатат и учебници на Брајово писмо.

Со новиот Закон се става крај на неквалитетните учебници кои уништуваа генерации ученици, учебници кои беа полни со дискриминаторски содржини, стереотипи, говор на омраза и поделби и тој не смее да биде причина за бојкот на наставата.

Учениците и родителите да ги следат официјалните канали на комуникација на Министерството за образование и наука и останатите надлежни информации кои секојдневно транспарентно ја информираат јавноста за Законот за учебници.

Владата, надлежните институции остануваат посветени на создавање на современ образовен систем каде ученикот ќе биде ставен на прво место.

Next Post

Апсолутна невистина е дека за шест месеци повторно се асфалтира иста улица, некому очигледно му пречи темпото на работа на Општината, реагираат од Општина Ѓ. Петров

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk