Ако за Наум Стоилковски изградбата на кружни текови и асфалтирањето улици е криминал и мафија, тогаш неговата безидејна клика т.н советничка група и пратеници имаат сериозен проблем со прифаќање на реалноста т.е КАПИТАЛНИОТ РАЗВОЈ на наше Ѓорче во сите сфери, реагираат од Општина Ѓорче Петров.
Апсолутна невистина е дека за шест месеци повторно се асфалтира иста улица. Не станува збор за асфалтирање улица, туку за сериозен зафат.
Кружниот тек е согласно основен проект. Бидејќи времето беше топло во декември, изведувачот сметаше дека може да го изведе завршниот слој на асфалтирањето на кружниот тек во Волково. Но, заради ниските температури, асфалтот не беше со квалитет согласно проектот. За овие недостаци општината навремено реагираше и со записник истите беа прифатени.
Реконструкцијата што се прави се работи без дополнително оптоварување. Граѓаните на овој дел на Ѓорче Петров навремено беа информирани за овој пропуст. Волково добива урбан лик каде сега нема да биде “сред село“ и со нерегулиран сообраќај, туку ќе биде кружен тек, модерен, кој ќе ја заштити безбедноста на возачите и пешаците.
Во текот на наредните 10 дена кружниот тек ќе биде уреден со сите потребни сообраќајни знаци и хоризонтално обележување. Очигледно некому му пречи темпото на работа на општината, фактот дека се оставаат капитални проекти за сите генерации.







